(Видео) Музика за самоизолација: Нора Џонс го претстави новиот сингл „I’m Alive”


САД – Она што беше музикате на Шаде во 80-тите, сега е музиката на Нора Џонс која ве смирува, ве носи на убаво место покра море, а звукот заличува на морски бранови.  Познатата кантавторка ја објави својата нова песна „Im Alive, co којашто и го најавува новиот студиски албум „Pick Me Up Off The Floor“.

Синглот, според нејзините кажувања, настанал во време кога таа се чувствувала доста инспирирана…

– Не знам која е точната причина, но претходнава година се чувствував покреативна од кога било, вели Нора.

Песната е снимена во Чикаго. Со себе носи и силна порака. На музичарката во создавањето на синглот и на видеоспотот, ѝ се придружи и Џеф Твиди, член на американскиот состав „Вилко“.

Новата плоча би требало да биде објавена на 8 мај. Се работи за нејзин седми студиски албум, по „Begin Again” од лани.