„Дивље јагоде“ со сингл го најавува новиот албум под капата на „Кроација Рекордс“


Divlje jagode, легендарниот бенд со огромно влијание на регионалната музичка сцена, штотуку го објави својот петти и последен сингл пред објавувањето на нивниот долгоочекуван тринаесетти студиски албум.

„Ukrala je svjetlost istoka“ е класична hard / heavy песна која истовремено изобилува со мелодија, што го потврдува препознатливиот рок-стил на бендот. Овој сингл е само мал вовед во она што не очекува на тринаесеттиот студиски албум на бендот, наречен „13“, кој ќе биде објавен во втората половина на петтиот месец под етикета на најголемата регионална дискографска куќа Croatia Records.

Музиката и продукцијата на песната ги потпишува фронтменот на Дивље јагода Зеле Липовача, текстот е на Дамјан Деуриќ, а за миксот и мастерингот е задолжен Швиги (студио Шишмиш). Новиот сингл е придружен со видео во продукција на RetroMetro&JohnDoe Production.