МВР: Граѓаните над 67 и под 18 години за лични исправи да дојдат во било кој термин надвор од забрана


Возрасните над 67 години и помладите од 18 години ако имаат закажани термини за издавање лични документи во времетраење на забраната за нивно движење можат да дојдат во било кој термин надвор од траењето на забраната за да ја завршат постапката, информираат Управните служби при МВР.

– Поради одлуката на Владата на Р.С.Македонија за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата (лицата од 67 години ќе смеат да се движат само од 5 часот наутро до 11 часот, a младите лица до 18 години, од 12 до 21 часот ), Управните служби при Министерството за внатрешни работи ги известувааат лицата кои имаат закажан термин за издавање на биометриски документи во времетраењето на забраната за движење, дека истите ќе можат да дојдат во кој било термин надвор од траењето на забраната и истите ќе бидат примени, се вели во соопштението од МВР.

На подрачјето на Скопје од 8 до 16 часот ќе работат пунктовите во МРТВ, Беко, Ѓорче Петров, Бутел и Драчево. Управните служби во сите останати сектори за внатрешни работи се со истото работно време, од 8 до 16 часот.