Халк банка утре ќе ја исплати мартовската пензија


Фото: Б.Грданоски

Халк банка соопшти дека утре ќе изврши предвремена исплата на мартовската пензија.

– На овој начин пензионерите кои ја примаат пензијата преку банката утре ќе ги имаат пензиите на своја сметка и истите ќе може слободно да ги користат при пазарење со платежните картички, преку електронското банкарство или за подигање преку банкоматите, без провизии, информираат од банката.

Ги повикуваат пензионерите во интерес на нивна заштита да не користат готовина и да не ги посетуваат филијалите, туку да ги користат картичките и да се насочат кон електронското банкарство.

Доколку сакаат да подигнат пари од филијалите ќе мора да ги почитуваат препораките односно во филијалата ќе се пропуштаат само ограничен број на лица соодветен на бројот на благајни во експозитурата.

– Во краен случај, за подигање готовина на располагање на корисниците им стојат банкоматите, оние лоцирани до филијалите што неколкупати во текот на денот се дезинфицираат. Од таму сепак препорачуваат при нивно користење да се применуваат пропишаните мерки за лична заштита, се вели во соопштението.