Спасовски: Стануваме држава која почнува да преговара за членство во ЕУ

Советот за општи работи постигна согласност дека Северна Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ во најкраток можен рок, објави премиерот Оливер Спасовски, на прес-конференцијата во Владата.

Денеска напредокот на нашата држава го верификуваа сите членки на Европската Унија.

Стигна верификацијата за успехот на нашите напори. За истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции. Собранието, владата и судството да ги спроведат реформите кои ги поставивме како цел уште во 2017 година – рече Спасовски.

Тој додаде дека дополнително Владата по барање на Европскиот совет ги покрена сите механизми да го завтори реформскиот процес во четири главни области.

Судството и владеење на правото, реформа на разузнавачките служби, реформа во јавната администрација и борбата против криминалот и корупцијата

– Постигнавме завидни резултати во сите од овие области, а тоа беше секоја година верификувано во извештаите на ЕК и со резолуциите на Европскиот парламент. Од денес тоа едногласно го верификуваат и државите-членки во Европската унија – изјави Спасовски.

Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство со Бугарија немаше да го постигнеме ова.

– Денеска може да бидеме горди – порача премиерот Оливер Спасовски.

Нашата перспектива е во Евопската Унија. Тоа е точка од која враќање нема.
Стануваме држава која почнува да преговара за членство во ЕУ.
Ова е повеќе од заслужен успех, ова е признание кое требаше да го добиеме и порано, додаде тој.

Благодариме што ни ја дадовте шансата да преговараме за членство во Европската Унија, порача премиерот.

Тој порача дека сега треба да се вратиме на борбата против корона вирусот и за тоа очекува помош од ЕУ.