Османи: Одлуката за преговори е заслужена, не е подарена


Одлуката за преговори со ЕУ, не ни е подарена, таа е заслужена, порача вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната прес-конференција откако ЕУ постигна договор за почеток на пристапните преговори.

-Денешната одлука да ѝ дадат зелено светло на Северна Македонија не претставува никаков подарок ниту чиста политичка одлука. Напротив, таа е признание за напредокот, за реформите, за успехот во создавањето на добрососедските односи, за внатрешната општествена кохезија. Затоа одлуката е донесена без никакви дополнителни услови за земјата. Со тоа Европската комисија доби одврзани раце да почне да ја формира преговарачката рамка со која доаѓа и првата меѓувладина конференција. Свесни сме дека справувањето со кризата со коронавирусот ја окупира јавноста, но верувајте битката против коронавирусот ќе ја добиеме и добро е да знаеме дека во блиска иднина не чекаат предизвици, истакна Османи.