Заев: Донесена е одлука, Северна Македонија почнува преговори за членство во ЕУ


Донесена е одлука! Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија. Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот народ, порача денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Тој додаде дека нема веќе никакви пречки ниту услови. Европската Комисија, според него, треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може.