Што побара ЕУ од Албанија за да можат да почнат преговорите


Денешната одлука на европските министри за почнување на процесот на преговори со Унијата беше едногласна за Македонија. Но за Албанија, и покрај зеленото светло, се поставени повеќе услови кои мора да ги исполни земјата за да се закаже првата меѓувладина конференција. На тој начин ЕУ им излезе во пресрет и на бројните поддржувачи на проширувањето […]

Тинекс го промени работното време и ги зајакна мерките за заштита од вирусот


Ланецот на маркети Тинекс воведе ново работно време со цел почитување на најновите мерки за ограничување на движењето на граѓаните, кои беа преземени од страна на Владата за борба против ширење на вирусот COVID-19. Според измените, почнувајќи од вчера (23ти март), Тинекс маркетите секој ден ќе работат од 8 до 19 часот, освен во недела […]

САД може да станат епицентар на пандемијата на корона вирусот


Трамп размислува да ги укине ограничувањата, гувернерот на државата Њујорк предупредува дека тоа ќе чини многу животи   Њујорк – САД би можеле да станат нов центар на глобалната пандемија на корона вирусот, соопшти Светската здравствена организација, која рече дека бројките на случаи брзо растат таму, дури и откако Доналд Трамп зборуваше за повторно отворање […]

ВМРО негаторска


Македонија од денес е држава со перспектива, која ги остварува двете најважни стратегиски цели за кои работеше три децении. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму се храни со популизам, па и сега порачува дека доаѓало времето кога тие ќе нѐ направат горди. Како и во оние 11 години   СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Дури ни епидемијата со корона вирусот не […]

(Видео) Градоначалниците во Италија губат трпение: Ќе ви пратиме полицајци со фрлачи на пламен


Италијанските градоначалници, револтирани од фактот дека граѓаните не ги почитуваат мерките пропишани за сузбивање на корона вирусот, почнаа да објавуваат снимки за да ги вразумат. „Мора да сте дома, не смеете да бидете овде. Не гледајте ме така, мора да одите дома, не е дозволено да сте надвор. Ајде!“, вика градоначалникот Антонио Декаро на граѓаните […]

Димитров: ЕУ иницијално ќе ни помогне со 69 милиони евра заради кризата од корона вирусот


Европската унија ќе и додели на нашата земја иницијална помош во износ од 69 милиони евра за справување со кризата предизвикана од епидемијата со корона вирусот, рече вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју на ТВ Телма. „Од тоа, 4 милиони евра се за итна поддршка на здравствениот систем, околу 50 милиони евра […]

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги и кога е криза


Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска остро, па дури и гневно, ги демантираше наводите на ВМРО-ДПМНЕ дека за само четири дена Министерството за одбрана потрошило 1,4 милиони денари за патувања и ручеци. Нарекувајќи ги лаги. Опозицијата уште наведе дека властите за четири дена за време на кризата со короната потрошиле осум милиони денари за патувања, […]

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на ЕУ, тие ќе ја внесле Македонија во Унијата


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со кусо соопштение ја поздрави „позитивната одлука на Советот на министри на ЕУ, го очекуваме и датумот за првата за првата меѓувладина конференција со земјите-членки на ЕУ“. Во соопштението се наведува: „Како што се посочува и од самата Унија потребно е да се исполнат голем број реформи, особено во правосудството, борба против корупцијата, […]

Во Италија пак расте бројот на починати од корона вирусот, 743 за 24 часа


Дводневниот позитивен тренд на опаѓање на бројот на жртви од коронавирусот во Италија денеска е прекинат, со оглед на тоа што за 24 часа починаа 743 лица, пренесуваат италијанските медиуми. Досега во Италија од овој вирус починаа вкупно 6.820 лица. Исто така во пораст е и бројот на активни случаи на заразени лица, за 3.612, […]

Затворено Одделението за трансфузиологија во Охрид, персоналот бил во контакт со заразен пациент


Одделението за трансфузилогија во Охрид е затворено заради тоа што персоналот бил во контакт со лице кое како пациент  дошло преку системот „Мој термин“, а по неколку дена му се развиле симптоми и сега е дифинитивно дијагностициран со коронавирусот, информира на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. – Согласно контактот што го имало лицето со […]

Шекеринска: Со депонирањето на нашиот Протокол во Вашингтон ќе станеме 30 членка на НАТО


Не треба да се чека министерски состанок за да се потврди нашето членство во НАТО, туку нашето членство станува и де јуре и де факто во оној момент кога ние ќе го испратиме нашиот ратификуван протокол во Вашингтон, откако тоа ќе го сторат останатите земји членки. Практично, моментот кога тој ќе биде примен и активиран […]

(Видео) ФБИ ви препорачува нивна фитнес апликација за вежбање како агент во домашни услови


Американската ФБИ вели дека сега е вистинско време да ја тестираат нивната фитнес апликација за вежбање во домашни услови и да се тренира како агент во една од најпознатите владини агенции. Сите ние треба да останеме позитивни за време на изолацијата поради ширењето на вирусот корона и затоа бараме различни начини да се забавуваме или […]

Куманово во карантин


Владата на денешната седница донесе одлука целосно да се укине меѓуградскиот и градскиот превоз во Општина Куманово, како и препорака да се затворат сите продавници во полуотворените трговски центри кои не се молови, а Институтот за јавно здравје е задолжен за поинтензивна работа, со цел спречување на ширење на коронавирусот, информира министерот за здравтство Венко […]

Комбинацијата од хлоркинин и азитромицин се воведува од утре и за пациeнтите во земјава


Од утре кај заболените од коронавирусот ќе почне да се применува комбинацијата што ја содржи лекот хидроклор и азитромицин што веќе се покажа ефикасен во повеќе земји. Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, попладнево на прес-конференција, соопштуваји дека таа е одобрена денеска на состанок на Комисијата за етички прашања во Агенцијата за лекови […]

Њујорк станува најголемото жариште на коронавирусот


САД – Њујорк е новиот епицентар на зараза од коронавирусот, бидејќи таму се регистрирани една третина од позитивните во Соединетите Американски Држави, а вирусот се шири за петпати побрзо отколку во другите делови на земјата. – Еден од илјада жители на Њујорк веќе е заразен, изјави координаторката на Работната група за борба против коронавирусот Дебора Брикс. […]

ИЈЗ ќе ги тестира дерматолозите


Од денеска Институтот за јавно здравје ќе почне да ги тестира лицата кои беа во изолација, а претходно имаа контакт со директорката на дерматологија. Се работи за голема бројка, рече министерот Филипче, па за да не се оптоварува лабораторијата ќе се оди кај нив за да се тестираат. Во болницата во Кавадарци ниту еден од […]

Урсула фон дер Лајен одушевена од одлуката на министрите на ЕУ за преговори


Претседателската на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на својот Твитер профил напиша дека е одушевена од одлуката на министрите на ЕУ да дадат зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија. „Убави вести за Западен Балкан и ЕУ. Јас сум одушевена што земјите членки дадоа зелено светло за почетоко на преговорите за […]

Двајца лекари и две сестри од кумановската болница позитивни на коронавирус


Двајца доктори и две сестри од кумановската болница се позитивни на коронавирусот, но се во стабилна здравствена состојба и се во домашна самоизолација, информира директорката на кумановската општа болница, Снежана Захариева. – Тие се во домашна самоизолација, бидејќи немаат потреба од болничко лекување. Засега немаат покачена телесна температура, ниту други симпотми и поради тоа не […]

Стопанска банка АД Скопје утре ќе ги исплати пензиите на картички, на шалтер од сабота


Стопанска банка АД Скопје информира дека утре ќе ги исплати пензиите за корисниците на дебитни картички, кои средствата  ќе може веднаш да ги користат во трговија или на банкомати. Како што наведуваат од банката, исплатата на шалтер ќе биде возможна од сабота, кога ќе бидат отворени сите 55 филијали на Стопанска банка од 8 до […]

За неколку дена пристигнуваат 70 милиони евра од ЕУ за справување со Ковид 19


За неколку денови се очекува првичната помош од ЕУ за справување со коронавирусот. Станува збор за 70 милиони евра што ќе се активираат во различни фази за здравствениот систем, а потоа и за помош на економијата. Ова го соопштија премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција во Владата. – […]