Урсула фон дер Лајен одушевена од одлуката на министрите на ЕУ за преговори


Претседателската на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на својот Твитер профил напиша дека е одушевена од одлуката на министрите на ЕУ да дадат зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

„Убави вести за Западен Балкан и ЕУ. Јас сум одушевена што земјите членки дадоа зелено светло за почетоко на преговорите за пристапување со Албанија и Северна Македонија. Се надевам дека европските лидери тоа ќе го поддржат оваа недела. Иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Честитики до Еди Рама и Оливер Спасовски“, напиша Фон дер Лајен.

И хрватското претседателство со ЕУ се јави со реакција на Твитер. Во неа пишува:

„Денешниот договор не е само историска политичка порака за Северна Македонија и Албанија, туку и за Западен Балкан и Европската Унија. ЕУ, за време на хрватското претседателство, покажа дека е способна да дојде до важни одлуки во извонредни околности. Следниот чекор – поддршката на членовите на Европскиот совет“