Фудбал моментално се игра во Белорусија, Русија, Шведска и Боцвана


Бeлорусија– Минатиот викенд, на општо изненадување со оглед на ширењето на коронавирусот, почна новата фудбалска сезона во Белорусија. Но, поранешната советска република не е единствена во која најважната споредна работа во светот во моментот и пркоси на пандемијата на Ковид-19. Денеска, на пример, фудбал се играше или се игра во уште три земји во светот […]

Исплата на пензиите од денес во НЛБ Банка


НЛБ Банка, согласно моменталните случувања со пандемијата на коронавирусот, а во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, од денес ќе почне исплата на пензиите. Од Банката информираат дека од денес до 27-ми овој месец ќе пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија само на банкоматите на НЛБ Банка, додека од 28 март […]

Заев: Бараме милијарда и двеста , најдовме само 600 милиони евра


Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто за „Утрински брифинг“  реплицираше на критиките околу предложениот пакет економски мерки, порачувајќи дека ќе мора да се кратат многу трошоци во државата ако сакаме да ја надминеме оваа криза поради корона вирусот. -Ни фали милијарда евра за да ги покриеме штетите. Баравме милијарда и 200 милиони евра, а […]

Најмногу снег во Ѓуриште, најстудено во Маврови Анови


Најмногу снег утрово е измерен во Ѓуриште каде снежната покривка достигна 31 сантиметар. Следат со 16 см Крива Паланка, 13 Куманово, 12 Маврови Анови, 9 во Пожаране, 8 Штип, 7 Крушево, 5 Лазарополе, 3 во Струмица и Берово, и два сантиметри во Скопје на Зајчев Рид. Како што соопшти УХМР, најниска температура, пак од минус […]

Облачно со дожд и снег


Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег, а кон крајот на денот на места ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе се движи од минус еден до два степени, а дневната температура од еден до 10 степени. Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег, а […]

Тајландскиот крал отседнува во единствениот германски хотел што работи, другите се затворени


Сите германски хотели се затворени поради пандемија со коронавирусот… Освен еден. Тајландскиот крал Маха Вајиралонгкорн и неговата придружба, неколку жени и слуги добија специјална дозвола да се засолнат во хотелот Гранд Соненбикл, којшто се наоѓа на падините на Алпите во јужна Германија. Властите во Гармиш-Партенкирхен потврдија дека хотелот добил посебно одобрение за сместување истакнати гости. […]

Зошто бројот на смртни случаи од Ковид-19 е мал во Германија?


Процентот на заразени со новиот коронавирус и починати од таа инфекција драстично варира од земја до земја, но релативно нискиот број на смртни случаи во Германија во однос на бројот на заразени лица е зачудувачки, па се поставува прашањето што е причината, наведува германската агенција ДПА. „Да бидам искрен, ние се уште знаеме премногу малку […]

До 3.000 евра за Италијанците што не седат дома


Премиерот на Италија, Џузепе Конте најави построги казни за прекршителите на владината мерки за ограничување на движењето. Италијанската Влада на вчерашната седница одреди парични казни од 400 до 3.000 евра за прекршителите. Досега казната изнесуваше 206 ерва. Во Италија веќе трета недела е во сила забраната за движење, а според владин одредба ќе трае до […]

Ни „Боемска рапсодија“ не остана имуна на корона вирусот


Антологиската песна на групата „Боемска рапсодија“ не остана имуна на пандемијата од корона вирусот. Имано, деновиве, додека цел свет е во некаква изолација се појави истата песна, но со текст поврзан со корона вирусот. Слушнете ја:

Бројот на невработени Во Австрија пoради пандемијата постојано расте


Од почетокот на спроведувањето на ограничувањата за слобода на движење – 16 март, бројот на невработени во Австрија се зголеми за 138.000. Директорот на Службата за вработување, Јоханес Копф, изјави дека биле отпуштени 115.600 луѓе до понеделникот, а сега тој број пораснал за уште 23.000. Најголем број има во гастрономијата, повеќе од 47.000, по што […]

Пожар во ТВ ВИС во Струмица


Рано утрово околу 2 часот изби пожар во зградата на поранешната касарна во Струмица, објави ТВ канал Вис, а се опожарени дел од нивните простории. Во пожарот се зафатени телевизиското студио и техниката, но гореа и останатите субјекти сместени во зградата. Противпожарната екипа е сѐ уште на терен и се обидуваат да го локализира пожарот.

Куманово без јавен сообраќај, се затвораат и фабрики


Забрана за влез и излез со јавен превоз, редуцирање или затворање на фабриките и продавниците, дополнителни медицински тимови и поголем број на тестирања, ќе се применуваат од денеска во Куманово како дел од зајакнатите мерки што ги донесе Владата за запирање на заканата од коронавирусот. Укинат е градскиот и меѓуградскиот патнички и железничкиот јавен превоз. […]

Со чартер летови ќе се враќаат граѓаните заглавени во странство


Со чартер летови до скопскиот аеродром треба да бидат вратени во земјава повеќето од македонските државјани во странство кои побарале помош од МНР. Тие ќе треба да си ги платат авиобилетите и да прифатат да поминат во карантин 14 дена што го покрива државата. Јавниот повик до авиокомпаниите да се организираат чартер летовите ќе го […]

Земјотрес од 7,8 на Курилските Острови, објавена опасност од цунами


Спасувачки тимови евакуираат жители на севернокурилскиот остров Парамушир поради опасност од цунами, причинето од земјотрес со интензитет од 7,8 степени, јавија руски медиуми. Според нив, наредбата ја дале властите во Сахалинската област. Спасувачките тимови го носат жителите на островот на повисоките места.  

Северна Македонија ги започнува преговорите за членство со ЕУ


Европската Комисија во наредните денови треба да започне да ја изготвува преговарачката рамка за преговорите помеѓу ЕУ и Северна Македонија, одлучија вчера министрите за европски прашања на Унијата. Ова е првиот неопходен чекор пред одржувањето на првата меѓувладина конференција, со која се означува отворањето на првото поглавје, или според новата методологија првиот „кластер“. По година […]

САД: Постигнат е договор за огромен пакет помош


Претставниците на Белата куќа и Сенатот постигнаа договор рано утрово, со кој е предвидена огромна помош на деловните субјекти, работниците и системот на здравствена заштита, најмногу погодени од пандемијата на новиот коронавирус. Тоа е исто така најголемата мерка за спасување на економијата во американската историја и е наменета како повеќенеделна или повеќемесечна „помош за економијата“ […]

Четврта жртва на Ковид-19 во Србија


Српскиот министер за здравство Златибор Лончар денеска изјави дека 65-годишна жена од Ниш починала од последици од новиот коронавирус. Тој додаде дека таа е четврта жртва од Ковид-19 во Србија. – Таа беше нерегулиран дијабетичар и беше на респиратор од 21 март. Лекарите направија се, но не успеаја да и помогнат, посочи Лончар. Тој уште […]

Подморничкиот екипаж знае најмногу за изолацијата: Ова се нивните совети!


  Ако некој знае што е изолација, тоа сигурно се овие луѓе. Еве неколку совети, како времето побрзо да ви помине во изолација. Рутина, рутина, рутина… Рајан Ремзи помина повеќе од 20 години во британската морнарица и беше командант на нуклеарната подморница „ХМС Турбулент“. Тој ја истакнува важноста на структурата во дневниот распоред. – Брзо […]

НБМ со укажување до банките: добивката од 2019 да ја искористат за зголемување на капиталот


Дали годинава банките ќе делат дивиденди? Ова прашање се наметнува откако кризата со корона вирусот ги промени и економските текови во земјава и ги соочи и граѓаните и правните лица со огромна неизвесност. Колкави штети ќе претрпи стопанството допрва ќе се прават пресметки, но од Народната банка, која го регулира банкарскиот сектор во земјава, велат […]

Две добри вести од ЕУ во еден ден – почеток на преговори и 66 милиони евра помош


Две добри вести од Европската Унија во еден ден за Македонија – првата е што конечно е донесена одлука за пристапни преговори со Унијата; и втората што блокот ќе одвои 66 милиони евра за помош на нашата земја за борба против корона вирусот. Вестите за паричната помош ги соопшти вечерва амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар […]