Пожар во ТВ ВИС во Струмица


Рано утрово околу 2 часот изби пожар во зградата на поранешната касарна во Струмица, објави ТВ канал Вис, а се опожарени дел од нивните простории.

Во пожарот се зафатени телевизиското студио и техниката, но гореа и останатите субјекти сместени во зградата.

Противпожарната екипа е сѐ уште на терен и се обидуваат да го локализира пожарот.