До 3.000 евра за Италијанците што не седат дома


Премиерот на Италија, Џузепе Конте најави построги казни за прекршителите на владината мерки за ограничување на движењето.

Италијанската Влада на вчерашната седница одреди парични казни од 400 до 3.000 евра за прекршителите. Досега казната изнесуваше 206 ерва.

Во Италија веќе трета недела е во сила забраната за движење, а според владин одредба ќе трае до 3 април.

Во Италија регистирани се 69.176 лица инфицирани со новиот коронавирус, од кои 6.820 починаа.