Облачно со дожд и снег


Фото: Б. Грданоски

Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег, а кон крајот на денот на места ќе има врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до два степени, а дневната температура од еден до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег, а кон крајот на денот на места ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до шест степени.

До сабота ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи, кои заради затоплувањето ќе бидат претежно од дожд.