Пленковиќ: Платата за март ќе ја донираме за Загреб


Хрватска– Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави денеска дека претставниците на власта мартовската плата ќе ја донираат за санирање на последиците од земјотресот во Загреб.

Тој изјави дека на телефонската владина седница било одлучено да се отворат две банкарски сметки – една за Загреб, а другата за борба против новиот коронавирус, повикувајќи ги сите кои сакаат да помогнат тоа да го направат.

– Ние нашата плата за март ќе ја донираме на сметката за Загреб, истакна Пленковиќ.