Нови 12 случаи со корона вирус во Македонија


Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот изнесува 148 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (88)
– Дебар (40)
– Куманово (8)
– Штип (7)
– Кавадарци (2)
– Охрид (2)
– Гостивар (1)