Корона вирусот галопира и во Холандија


Празната железничка станица во Ротердам

Амстердам – – Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Холандија се зголеми за 811 во вторникот, што претставува зголемување за 17 проценти во однос на претходниот ден и сега вкупната бројка изнесува 5.560, соопштија здравствените власти.

Има 63 нови смртни случаи, досега најголемо зголемување, со што вкупниот број изнесува 276, се вели во дневното ажурирање на Националниот институт за здравство.

Институтот соопшти дека очекува мерките преземени во Холандија овој месец, како што се затворање на ресторани и училишта и забрана за јавни собири, ќе ома одраз во бројот на случаите „на крајот на оваа недела или почетокот на следната недела“. (Ројтерс)