Прв смртен случај од корона на Исланд


Постара жена стана првиот жител на Исланд, која почина откако се зарази со корона вирус, јавуваат денеска локалните медиуми. Минатата недела, австралиски турист почина од Ковид-19 на островот.

Исланд, која води стратегија за тестирање во големи размери, заклучно со вчера попладне има регистрирано 588 случаи. Од нив, за 13 беше потребна хоспитализација.

Земјата со 364.000 луѓе досега спроведе 10.301 тестови. Забраната за собирање на 20 лица или повеќе стапи на сила денес.