СЗО: САД би можеле да станат епицентар на пандемијата


Милиони Американци ќе бидат заразени со Ковид-19, а бројот на смртни случаи може достигне меѓу 100.000 и 200.000 луѓе, изјави инфектологот Антони Фаучи, советник на американскиот претседател Доналд Трамп

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на „ескалирање“ на епидемијата на новиот коронавирус во САД, кои, според проценките, би можеле да станат епицентар на пандемијата.

– Во последните 24 часа 85 отсто од новите случаи на зараза биле во Европа и во САД, од кои 40 проценти во САД, изјави претставничката на СЗО, Маргарет Харис.

Според неа, „во САД има голем пораст на бројот на инфицирани и се поголем интензитет на ширење на епидемијата“.