Во Хрватска и БиХ е најавено намалување на платите во јавниот сектор

Хрватска– Во Хрватска и БиХ се најавува намалување на платите во јавниот сектор од 10 до 15 отсто.

Земјите од регионот по појавата на новиот коронавирус преземаат различни мерки за спас на економиите, меѓу кои е и намалувањето на платите во јавниот сектор.

Хрватскиот министер за економија Дарко Хорват изјави дека доколку не помогнат другите методи во време на кризата со Ковид-19, тогаш ќе мора да се намалат и платите во јавниот сектор.

И во БиХ, федералниот премиер Фадил Новалиќ вчера порача дека треба да се намалат платите за време на кризата поради коронавирусот.

– Секако дека сметам оти треба на сите да им се намалат платите. Не е проблем ако треба да се почне од највисоките функционери. Некои одлуки треба да ги донесе Парламентот, некои Владата. Платите треба да се намалат, почнувајќи од мене, изјави Новалиќ.