Видеоконференција на лидерите на Г20 в четврток поради коронавирусот

САД– Лидерите на дваесетте најголеми светски економии (Г20) в четврток ќе одржат видеоконференција за пандемијата на коронавирусот, објавија западните медиуми.

Министрите за финансии од Г20 и централните банкари вчера на видеоконференција се договорија да усвојат „акционен план“ за Ковид-19.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува кризата со коронавирусот да предизвика глобална рецесија.

Вонредниот самит на лидерите ќе ја компликува војната околу цената на нафтата меѓу Саудиска Арабија и Русија и зголемените на тензии меѓу САД и Кина во врска со изворот на новиот вирус со кој се заразени над 380.000 луѓе, а починати повеќе од 16.500.

Генералната директоркна на ММФ, Кристалина Георгиева ги поздравува фискалните и монетарните мерки преземени од некои земји, но смета дека тоа не е доволно.

Агата Демараис од компанијата „Економист Интелигенс“ истакна дека имајќи ги предвид ограничувањата на монетарната политика, членките на Г20 можат да го поттикнат растот единствено со фискален стимул, но и тоа е дискутабилно.