Марти Ахтисари позитивен на корона вирус – спаѓа во ризичната група


Поранешниот претседател на Финска и некогашен специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за преговори за статусот на Косово, Марти Ахтисари е позитивен на корона вирус.

Според соопштението од кабинетот на претседателот на Финска, инфекцијата кај Ахтисари била потврдена вчера.

Во текот на викендот инфекција од корона вирус е потврдена кај неговата сопруга, Еева.

Ахтисари од 1994 до 2000 година беше претседател на Финска. Од 70-тите беше посредник во многу меѓународни кризи и конфликти, меѓу кои во 2006 година и за Косово, а за своите напори во 2008 година доби Нобелова награда за мир.

Како 82-годишник, спаѓа во ризична возрасна група.