Почина 15-годишното девојче повредено во земјотресот во Загреб


Петнаесет годишното девојче кое беше тешко повредено во разорниот потрес во неделата изутрина во Загреб почина вчера попладне на државната клиника, пренесе Телма.

Лекарите два дена се бореа за нејзиниот живот, но на крај не успеа да ја спасат.

Кога Загреб го погоди земјотресот таа се наоѓала во дневната соба во нејзиниот стан, а од тресењето врз неа паднала греда од таванот.

15- годишната Анамарија Ц. живеела на загрепската улица „Џорџичева“ која најтешко настрада во потресот.

Одела во основно училиште и тренирала Џудо, јавуваат хрватските медиуми.