Првата дама Ѓоргиевска со апел : Она што можеме заеднички да го направиме е да останеме дома


Првата дама на Македонија, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, вработена на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје, упати порака до јавноста, во врска со заштитата и справувањето со последиците од ширењето на КОВИД-19.

Во обраќањето првата дама порачува да бидеме внимателни , но не и преплашени, да не го потценуваме вирусот и да го држиме подалеку од нас и нашите деца.

-Она што можеме да го направиме заеднички е да останеме дома. Физичкото растојание меѓу нас, е всушност е растојанието меѓу нас и болеста, рече Ѓоргиевска во видеото споделено на социјалните мрежи.