Корона вирусот сега галопира во Турција


Бројот на случаи со коронавирус во Турција расте со побрзо темпо од инфекциите регистрирани во текот на истата фаза во други земји низ светот, се вели во извештај на Универзитетот Оксфорд.

Во извештајот е дадена траекторија на потврдени случаи во сите земји, почнувајќи од денот кога одредена земја достигнува 100 потврдени случаи. Досега Турција објави 1.529 случаи на коронавирус а вкупно 37 лица ги загубија животите од 10 март кога земјата го прогласи својот прв потврден случај.

Турција привремено ги затвори училиштата,  баровите, рестораните и спортските сали и ги отповика седмичните верски молитви во џамиите. Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи во неделата објави дека на луѓето на возраст од 65 години и повеќе, како и оние кои страдаат од хронични заболувања, им е забрането да ги напуштат своите домови.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коца изјави дека пикот на коронавирусот најверојатно ќе се достигне за две до три недели.