Денес напладне министрите на ЕУ ќе расправаат за нашите преговори


Речиси единствена точка на дневен ред на денешната видео конференција на министрите за европски прашања на ЕУ ќе биде проширувањето и започнувањето преговори за членство со Македонија и со Албанија. Во заклучокот што беше усогласен на ниво на амбасадори вчера стои едногласна одлука за почеток на преговорите со двете земји.Остана нерешен само спорот помеѓу Грција […]

Мишел Обама : Со семејството е полесно во карантин


САД– Поранешната прва дама Мишел Обама се труди да биде зафатена за време на карантинот од коронавирусот, но и требаше време да разговара како смртоносната респираторна болест влијае на нејзиното семејство со славната ТВ водителка Елен Деџенерис. Деџенерис, која споделува видеа како разговара со нејзините пријатели додека таа социјално е дистанцирана во нејзината куќа во […]

Обезбедени десет хотели за карантин, нема шанси меѓусебно да се заразат


Неблагодарно е можеби вака да кажам, ама некои велат дека им е многу убаво – изјави за “Независен“ генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој деновиве е на првата линија на акцијата за ставање во карантин на нашите граѓани кои се враќаат од странство. Според Рашковски, досега во повеќе хотели низ Македонија се ставени во […]

Пендаровски до граѓаните: Самоизолацијата е најдобра превентива за Ковид 19


Порака од Претседателот Стево Пендаровски до граѓаните, во врска со заштитата и справувањето со последиците од ширењето на КОВИД-19. Во обраќањето претседателот Пендаровски порачува дека самоизолацијата е најдобрата превентива против вирусот и повикува да им се помогне на немоќните и повозрасните.

Поради коронавирусот привремено суспендирана границата на задолжување во ЕУ


Вакво нешто немало никогаш – ЕУ дозволи безгранично задолжување за да се бори против коронавирусот. Сепак, тоа не е билет за слободно возење, зашто парите треба да дојдат од пазарите. Кој на крајот ќе ја плати сметката? – прашува Дојче веле. Министрите за финансии на земјите членки на Европската унија постигнаа согласност за активирање на […]

Шпанската војска нашла напуштени и мртви штитеници во старечки домови


  Шпанските војници кои помагаат во борбата против пандемијата на корона вирусот пронашле напуштени пациенти во старечки домови, а некои биле и мртви во своите кревети, соопшти Министерството за одбрана на оваа земја. Шпанските обвинители покренаа истрага за овој случај. Имено, војската помага во дезинфекција на домовите за стари лица во Шпанија, пишува Би-би-си. Министерката […]

Преполовени казнените камати


Казнените камати значајно се намалуваат откако Владата на вчерашната седница донесе Уредба за измена на Законот за облигациски односи. Според Уредбата, стапката на казнената камата се определува на месечно ниво во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народната банка (референтна стапка), што важела на последниот ден од претходниот […]

Облачно, со врнежи од снег


Најголема снежна покривка до 7 часот денеска е измерена во Маврови Анови, вкупно 19 сантиметри, следи Дебар со 12 сантиметри, потоа Пожаране со 12, Штип 9, Лазарополе 8 и така натаму, информираат од УХМР. Истовремено најниска температура денеска од минус 9 степени е измерена во Маврово, по што следат Крушево и Дебар со по минус […]

Добри вести: Кинеската покраина Хубеј ја укина забраната за патување


  Позитивни вести доаѓаат од кинеската провинција Хубеј, во чиј главен град Вухан експлодира епидемијата од корона вирус, која подоцна премина во глобална пандемија. Забраната за пакинеската провинција Хубеј, која е под блокада веќе два месеца, ќе биде укината на 25 март, објавија локалните власти. Ова не се однесува на градот Вухан, кој ќе ја […]

Дополнителни рестрикции за движењето на младите до 18 години и постарите од 67 години


Од денеска движењето на младите до 18 години се забранува од 21 до 12 часот, а на постарите од 67 години од 11:00 до 05:00 часот следниот ден, одлучи Владата на синоќешната седница. Премиерот Оливер Спасовски во гостување на ТВ 24, појасни дејка тоа значи дека младите до 18 години ќе можат да се движат […]

Почина Фахри Каја – поет, раскажувач, литературен критичар, антологичар, новинар и преведувач


Почина Фахри Каја – поет, раскажувач, литературен критичар, антологичар, новинар и преведувач, роден во Куманово, 1930. Каја беше учител, новинар, главен и одговорен уредник на в. „Бирлик”, уредник на „Сеслер”, општествено-политички работник, секретар за информации при Извршен совет на СРМ, пратеник на РС на СРМ, два мандата член на Претседателството на СРМ, член на Македонскиот […]

Снег на Стража, Плетвар, Ѓавато, Маврово- да се вози внимателно


Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажен коловоз. Врнежи од снег има на Стража,  Кула, Плетвар, Ѓавато, Маврово, ,Попова Шапка, Пресека, ГП Делчево и Крива Паланка – ГП. Деве Баир. За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за […]

Италија: Лекарите се на крај со силите, и самите заболуваат


Италија– Во италијанската болница Oglio Po, 25 од 90 лекари се заразени со новиот коронавирус, што зголемува притисок врз здравствениот систем кој веќе е преоптеретен од пандемијата. – Петтина вработени во болницата се заразени со коронавирусот, изјави шефот на болницата Даниела Ферари. Тие и здравствените работници како нив скоро сигурно го ширеле вирусот, дури и […]

СП во атлетика 2021 ќе биде одложено во случај Олимпијадата 2020 да се одложи за една година


Швајцарија– Светската атлетска асоцијација е подготвена да го одложи Мундијалот во 2021 година доколку Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги одложи Олимписките игри во 2020 година во Токио (Јапонија) за една година. Веќе разговаравме со организациониот одбор на Светското првенство за ситуација во која Олимпијадата биде одложена за една година. Пдготвенисме за таков развој на настаните и […]

Како Индија со 1,3 милијарди жители има само 200 заболени?


Избувнувањето на пандемијата на коронавирус покажа дека не постои универзален начин за контролирање на ширењето на инфекцијата. Секоја земја има свој модел што се надева дека ќе биде најефикасен, што ќе одземе што е можно помалку животи и што ќе ја осакати економијата што е можно помалку. Ситуацијата во Индија на прв поглед изгледа зачудувачки […]

Нема стечајни постапки додека трае вонредната состојба


Владата на вчерашната седница донесе Уредба со која стапува во сила Законот за стечај за време на вонредна состојба. Според Уредбата, сите почнати стечајни постапки – претходна постапка за отворање стечајна постапка и отворање стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба. „На стечајните должници кои ги исполнуваат условите […]

Во САД почина маж откако се лекувал од Ковид-19 со хлорохиден фосфат


Маж на околу 60 години почина откако земал антималариски лек без рецепт за лекување од Ковид-19, се наведува во соопштението на американската здраствена компанија „Банер хелт“ (Banner Health). Мажот почина, а неговата сопруга е во критична состојба откако земале хлорохиден фосфат, што се користи и како додаток за чистење на аквариумите. Во рок од 30 […]

Транспортерите преку граница само со дозвола, во мирување субвенциите за „Визер“


Секој транспортер кој ќе превезува стока надвор од границите на државава од денеска ќе мора да извади дозвола од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. До утре, пак, треба да се дефинира списокот со стоки што ќе може да поминуваат преку т.н зелен и син коридор што го договараа земјите членки на ЦЕФТА. Во меѓувреме, заврши […]

Eлектронска настава и оценување на основците, гимназијалците и студентите додека трае вонредната состојба


Наставата, испрашувањето (полагањето испити) и оценувањето во основните школи, средните училишта и на факултетите ќе се одвива електронски додека трае вонредната состојба во земјава. Средства за електронска комуникација можат да бидат видео-конференциски платформи, електронска пошта или други системи за двонасочна електронска размена на податоци, а кои од нив ќе се користат, одлучува образовната установа (основно […]