Поради коронавирусот привремено суспендирана границата на задолжување во ЕУ


Вакво нешто немало никогаш – ЕУ дозволи безгранично задолжување за да се бори против коронавирусот. Сепак, тоа не е билет за слободно возење, зашто парите треба да дојдат од пазарите. Кој на крајот ќе ја плати сметката? – прашува Дојче веле.

Министрите за финансии на земјите членки на Европската унија постигнаа согласност за активирање на клаузулата за итни случаи од Пактот за стабилност и пораст на ЕУ. Државите од Унијата во нормални услови смеат да земаат нови долгови само до три проценти од својата економска сила годишно. Вкупното задолжување на една држава не смее да надмине 60% од економското постигнување. Овие железни правила околу кои во минатото толку жестоко се дискутираше, сега поради короната привремено се ставаат вон сила. Во борбата против ширење на корона вирусот на државите треба да им се дозволи краткорочно да продаваат обврзници на пазарите на капитал за да можат да ги финансираат пакетите за помош на своите економии. Министрите за финансии притоа сакаат најголема можна флексибилност. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, тоа го нарекува „слобода за движење“.

Ограничување на шокот
„Значителниот економски полет кој се очекува годинава бара решителен, амбициозен и координиран одговор“, соопштија министрите за финансии по својата видео-конференција. „Сега мора да дејствуваме решително за шокот да биде кус и ограничен и да не нанесе трајни штети врз нашата економија и да не ги закопа среднорочно јавните финансии“, се додава во соопштението.
Германскиот министер за финансии Олаф Шолц пред конференцијата на министрите за финансии го отвори патот за дополнителен буџет од 156 милијарди евра за годинава. Со ова ново задолжување таканаречената „црна нула“, значи порамнет буџет, во Германија станува минато.

Целиот текс на Дојче веле