СП во атлетика 2021 ќе биде одложено во случај Олимпијадата 2020 да се одложи за една година


Швајцарија– Светската атлетска асоцијација е подготвена да го одложи Мундијалот во 2021 година доколку Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги одложи Олимписките игри во 2020 година во Токио (Јапонија) за една година.

  • Веќе разговаравме со организациониот одбор на Светското првенство за ситуација во која Олимпијадата биде одложена за една година. Пдготвенисме за таков развој на настаните и нема да ни биде проблем со одржување на првенството на други датуми, се вели во соопштението на атлетската организација.

Светското првенство во атлетика треба да се одржи од 6 август до 15 август 2021 година во САД.