Добри вести: Кинеската покраина Хубеј ја укина забраната за патување


 

Позитивни вести доаѓаат од кинеската провинција Хубеј, во чиј главен град Вухан експлодира епидемијата од корона вирус, која подоцна премина во глобална пандемија.

Забраната за пакинеската провинција Хубеј, која е под блокада веќе два месеца, ќе биде укината на 25 март, објавија локалните власти. Ова не се однесува на градот Вухан, кој ќе ја симне забраната дури на 8 април.

Секој кој ќе сака да го напушти Вухан ќе може тоа да го направи со одредени мерки, поточно, со посебен здравствен картон. Да потсетиме, градот е под блокада од 23 јануари.

Кина во вторникот пријави 78 нови случаи заболени со корона вирус, а повеќето се увезени од странство. Прв нов случај во речиси седум дена е забележан и во Вухан.