Денес напладне министрите на ЕУ ќе расправаат за нашите преговори


Фото: Б. Грданоски

Речиси единствена точка на дневен ред на денешната видео конференција на министрите за европски прашања на ЕУ ќе биде проширувањето и започнувањето преговори за членство со Македонија и со Албанија. Во заклучокот што беше усогласен на ниво на амбасадори вчера стои едногласна одлука за почеток на преговорите со двете земји.Остана нерешен само спорот помеѓу Грција и Албанија за имотни прашања, но дипломатите во Брисел се оптимисти дека може да се надмине и дека ќе се донесе конечна одлука, иако никој не сака да брза со заклучоци сѐ додека таа не е официјализирана од министрите, па лидерите.

СОВЕТОТ ГО ПОЗДРАВУВА ТОА ШТО ЗЕМЈАТА ПОКАЖА ОДЛУЧНОСТ ВО НАПРЕДОКОТ НА ЕУ АГЕНДАТА И ИСПОРАЧА ОПИПЛИВИ И ОДРЖЛИВИ РЕЗУЛТАТИ. СО ОГЛЕД НА ОСТВАРЕНИОТ НАПРЕДОК И ИСПОЛНУВАЊЕТО НА УСЛОВИТЕ ПОСТАВЕНИ ЕДНОГЛАСНО ОД СОВЕТОТ ВО ЈУНИ 2018, СОВЕТОТ ОДЛУЧУВА ДА ОТВОРИ ПРЕГОВОРИ СО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, СЕ ВЕЛИ ВО ТЕКСТОТ НА ЗАКЛУЧОЦИТЕ, КОИ МОЖАТ ДА ПРЕТРПАТ МАЛИ ПРОМЕНИ ПО МИНИСТЕРСКИОТ СОСТАНОК.

Нацрт заклучокот предвидува првата Меѓувладина конференција да се одржи “што е можно поскоро“, без конкретен датум засега.Советот нотира дека Европската Комисија ќе ја започне веднаш подготвителната работа, што подразбира поставување на преговарачка рамка.
Албанија, од своја страна, има сличен заклучок, но со неколку услови повеќе за одржувањето на првата Меѓувладина конференција.