Мишел Обама : Со семејството е полесно во карантин


САД– Поранешната прва дама Мишел Обама се труди да биде зафатена за време на карантинот од коронавирусот, но и требаше време да разговара како смртоносната респираторна болест влијае на нејзиното семејство со славната ТВ водителка Елен Деџенерис.

Деџенерис, која споделува видеа како разговара со нејзините пријатели додека таа социјално е дистанцирана во нејзината куќа во Санта Барбара – сподели видео со г-ѓа Обама.

Двете разговараа за девојчињата на Обама – Саша (18) и Малија (21) кои од колеџ се вратија во нивниот дом во Чикаго среде избувнување на коронавирусот.

„Сочувство што децата се дома“, се пошегува Деџенерис. „Затоа што велевте колку сте среќни што ги нема“.

„Знам, не требаше да се фалев со тоа“, се смееше Обама. „Боговите ми враќаат!“

Обама додаде дека ова е уникатно време во историјата и претставува можност за учење за нејзиното семејство.

„Има некои добри и лоши страни. Сочувствувам со сите луѓе што ќе страдаат заради тоа што ќе се случи со економијата и мора да бидеме свесни за тоа што ќе правиме за да ги поддржиме овие луѓе кога ќе заврши овој карантин. И тоа е негативно, но од позитивната страна, јас знам за нас, принудени сме  да седнеме едни со други, да имаме вистински разговори – знаете – навистина поставувате прашања и дознавате како да се задржиме окупирани без ТВ или компјутери ”

Таа рече дека сака нејзините деца да разберат дека имаат среќа да бидат со најблиските и да го чуваат своето здравје во тешки времиња, како сега.

„Бидете благодарни за она што го имате и бидете подготвени да го споделите кога ќе дојде време. Сега сме само среќни што сме заедно и сите се здрави и безбедни – кој се грижи за другите работи?“, изјави Обама.

„Шоуто Елен Деџенерис“ го прекина емитувањето – како и повеќето телевизиски емисии – среде пандемијата на коронавирус.