Шпанската војска нашла напуштени и мртви штитеници во старечки домови


 

Шпанските војници кои помагаат во борбата против пандемијата на корона вирусот пронашле напуштени пациенти во старечки домови, а некои биле и мртви во своите кревети, соопшти Министерството за одбрана на оваа земја.

Шпанските обвинители покренаа истрага за овој случај. Имено, војската помага во дезинфекција на домовите за стари лица во Шпанија, пишува Би-би-си.

Министерката за одбрана на Шпанија Маргарита Роблес изјави дека владата ќе биде строга и нефлексибилна кога се работи за постапувањето со лицата во старечките домови.

„Војската во текот на некои посети пронајде некои постари грашани потполно напуштени, а неко дури и мртви во своите кревети“, вели таа.

Министерството за одбрана соопшти дека вработените во старечките домови ги напуштиле своите работни места откако биле пријавени први случаи на корона вирус во нив.

Министерот за здравство Салвадор Иља рече дека старечките домови се „апсолутен приоритет на владата“.

Според последните информации во Шпанија во моментот има повеќе од 35.000 заболени, а бројот на смртни случаи е 2.311.

Мадирд поради зголемениот број мртви ќе го користи главниот театар како привремена мртовечница во која ќе се подготвуваат телата пред да ги преземат погребниците.