Нови 15 случаи на заразени во Албанија, вкупно 104


Албанија– Со ново потврдените 15 случаи на коронавирус, бројот на заразените со овој опасен вирус во Албанија се зголеми на 104, од вкупно тестираните 856 лица.

Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу потврди дека мапата за изложеност на коронавирус е проширена и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките на надлежните.

-Само во последните 24 часа потврдени се 15 нови позитивни случаи, на 45 извршени тестови. Мапата на заболените од Ковид -19 веќе се проширува,затоа апелирам на строго почитување на препораките. Имаме една добра вест дека излекувани се уште двајца пациенти,со што бројот на излекуваните се зголеми на пет,рече Манастирлиу.

Во последните 24 часа починале двајца од пациените хоспитализирани во Инфективната клиника во Тирана,со што бројот на починатите од коронавирус се искачи на четворица.

Во Инфективната клиника хоспитализирани се 49 пациенти, од нив тројца се на интензивна терапија.

Од вкупната бројка,гледано по градови, најмногу се од Тирана или 68 лица,Фиер 12, Драч 7, Валона 4, Каваја и Корча по три, по две во Елбасан, Љушња и Рогожина и едно лице од Скадар.