Прифатени 1.430 пријави за гласање на македонски државјани од дијаспората, рокот завршува на 11 март


Државната изборна комисија (ДИК) досега прифатила 1.430 пријави за гласање на македонски државјани што живеат или се на привремена работа во странство за претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април. Од дипломатските конзуларни претставништва на Северна Македонија, до ДИК пристигнале 1.517 пријави, но прифатени се само 1.430. Најмногу прифатени пријави има од наши државјани од […]

Здружение на приватни аптеки: Заштитните маски се со повисоки цени како резултат на зголемените цени од добавувачите


Здружението на приватни аптеки соопшти дека сака да се огради од шпекулациите на одредени субјекти, дека во овие сериозни моменти на опасност од појава на епидемија од коронавирус, аптеките се ставаат во функција на профитери со неразумното покачување на цените на Заштитните маски за лице. Точно е, посочуваат од Здружението, дека цените на заштитните маски […]

Пендаровски – Радман: Се очекува усвојување на новата методологија за проширување


Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, информираат од Кабинетот на шефот на државата. Во оваа прилика претседателот Пендаровски, му се заблагодари на министерот Радман, за посетата и за постојаните и јасни заложби на Хрватска и актуелното хрватско претседателство за отворање на пристапните преговори за […]

Почина Џек Велч, легендарниот директор на „Џенерал Електрик“


Џек Велч, под чие водство, во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век,  „Џенерал Електрик“ стана највредната компанија во САД, почина на 84 годишна возраст, јавија светските агенции. Велч беше познат како „Неутрон Џек“, поради кратењето на илјадници работни места – купуваше и продаваше голем број бизниси, проширувајќи ја дејноста на индустрискиот гигант во финансиските […]

Балканска рута – Од каде доаѓаат мигрантите и каде планираат да одат


Европа ја очекува нов мигрантски бран. Десетици илјади мигранти се на пат од Турција кон Европската Унија, а илјадници во моментот се обидуваат да влезат во Грција. Додека грците порачуваат дека на сите можни начини ќе се изборат со новиот прилив бегалци, земјите на Балканскиот полуостров дополнително ги зајакнуваат границите и велат дека се подготвени […]

(Видео) Министер одби да се ракува со Меркел


  Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер не се ракуваше со канцеларката Ангела Меркел поради епидемијата на корона вирус. Меркел стигна на самитот за интеграции и не се ракуваше со присутните. Но, до неа седеше министерот Зехофер кому му ја пружи раката. Германскиот министер сепак, одби да се ракува со неа со зборовите: „Не, […]

Јужна Кореја бара обвинение за убиство за ширењето на корона вирусот


Јужна Кореја во понеделникот побара обвиненија за убиство за лидерите на тајната црква во центарот на избувнување корона вирусот во земјата, додека глобалниот број на починати се искачи на над 3.000. ужна Кореја објави 599 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број заразени се искачи на 4.335. Досега има вкупно 26 смртни случаи. Во […]

ЕУ подготвува мерки за помош на економијата погодена од корона вирусот


Комесарот за економија на Европската унија, Паоло Џентилони, соопшти дека ЕУ е подготвена да ги преземе сите потребни мерки за да се справи со негативното влијание што го има корона вирусот врз европската економија, откако здравствените ризици во Европа се покачени на високо ниво. Џентилони изјави дека е потребен „координиран фискален одговор“ од европските земји […]

Хаос на грчко-турската граница, лажна е веста дека е убиен Сириец


  По одлуката на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека ќе ги отвори „вратите“ за илјадници мигранти кои Турција ги задржуваше на патот кон Европа, хаос е на грчко-турската граница секојдневно. Грчките медиуми се преполни со вести и снимки на кои се гледа масовно „провалување“ на мигранти на територијата на Грција, а со самото тоа […]

Маричиќ: Како Влада сторивме се, сега на ред е Европскиот совет


Со право Комисијата уште еднаш препорача почеток на преговори со Република Северна Македонија и како Влада сторивме буквално се. Сега на ред е Европскиот совет кој треба да го има предвид ова што го сторивме, како и Методологијата и да се исправи она што се случи во октомври, изјави националниот координатор за интеграција во ЕУ, […]

Одбраната на Груевски, Божиновски и Јанакиески ќе докажува дека ВМРО-ДПМНЕ не била незаконски финансирана


По повеќе од година од првото закажано рочиште за судењето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, денеска во Кривичниот суд во Скопје странките дадоа воведни говори.Случајот, поради промена на составот на судечкиот совет почна од почеток и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Ленче […]

Њујорк ја забрани употребата на пластични ќеси


Во сојузната држава Њујорк од синоќа стапи забраната за користиење пластични кеси. Продавници и супер маркетите во оваа сојузна држава не смеат да им даваат на купувачите бесплатни ќеси за еднократна употреба. Ова е предвидено во усвоениот закон за намалување на количините на исфрлено ѓубре и зачувување на природната околина. Гувернерот Ендрју Куомо истакна дека […]

Три пати поголема помош и 777 станови, ветува СДСМ во социјалната програма


До крајот на следниот мандат, социјалната помош која сега е поголема за 300 проценти, ќе се прошири и ќе ја примаат 34.000 домаќинства како гарантирана минимална помош, а 65.000 деца ќе примаат детски додаток, најави денес претседателот на СДСМ, Зоран Заев промовирајќи ја социјалната програма на партијата за предвремените парламентарни избори. Тој додаде дека до […]

Вархеи очекува одлука за старт на преговорите во наредните недели


Брисел – „Европската комисијата стои цврсто на своите препораки за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, и се надевам дека земјите-членки ќе донесат позитивна одлука во наредните недели“, порача еврокомесарот за проширување на Оливер Вархеи по објавувањето на извештаите за напредокот на двете земји. „По усвојувањето на ревидираната методологија во февруари, денеска ги […]

Тутунски комбинат Прилеп лани со добивка од 39,2 милиони денари, прва по неколку децении


Над 39 милиони денари добивка за Тутунски комбинат од Прилеп покажа завршната сметка на компанијата. Ова е успех на компанијата која по петгодишно партнерство со Филип Морис Интернационал во заедничката компанија ПМТКП успеа да излезе од листата на загубари. Позитивните резултати на компанијата се должат на зголемената ефикасност и модернизација на компанијата. „Оперативната добивка за […]

Нема нови случаи со коронавирус, се испитуваат двајца лекари кои биле во Мадрид


– Во изминатото деноноќие нема новопријавени пациенти со индиции за коронавирус. Единствената пациентка кај која беше потврден коронавирус е добро, е на Клиниката за инфективни болести, и веќе трет дена нема температура, што значи дека состојбата се стабилизира и таа закрепнува. Карантинот, односно изолацијата се одвива добро и без проблеми. Нема проблеми во делот на […]

Османи: Исполнети сите предуслови за да биде донесена позитивна одлука на 26 март


Европската комисија денеска во вонредниот извештај за напредокот на земјава уште еднаш ја потврди препораката за отпочнување на преговорите со Европската унија, соопшти попладнево вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.На прес-конференцијата во Секретаријатот за европски прашања, Османи рече дека во извештајот јасно се констатира реформската определба на државата особено преку успешните резултати во областите […]

Пит Бутиџиџ се откажа од претседателската трка во САД


Пит Бутиџиџ ја заврши својата кампања за номинација за претседател кај демократите со повик сите заедно да се приклучат во нивната борба да го победат Доналд Трамп на изборите. 38-годишниот поранешен градоначалник на Саут Бенд никогаш не бил на државна функција, но направи силен успех на примарните избори во Ајова, каде победи тесно пред Берни […]

Заев: Време е ЕУ да го исполни ветувањето


Лидерот на СДСМ и доскорешен премиер, Зоран Заев, го поздрави денес Извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата земја, но не коментираше кога Европскиот совет би можел да донесе одлука за почнување на преговорите за членство со Македонија. „Не би си дозволил да коментирам. Тоа што го вети Европскиот  совет беше не подоцна од […]

Истражување: Гушкањето го продолжува животот до пет години


Германија– Галењето и гушкањето не е само показател на симпатија, туку служи и за снижување на стресот во организмот, се посочува во ново истражување на Универзитетот на Олденбург, северна Германија. Освен тоа, ако имате висок холестерол, прегратките помагаат и тоа да се урамнотежи. Но, според наводите, сè ова може да предизвика и зависност. Прегратките и галењето […]