Фанови на „Џејмс Бонд“ бараат одложување на премиерата на новиот филм


Англија– Обожаватели на серијалот „Џејмс Бонд“ во отворено писмо побараа одложување на првото прикажување на новиот филм „Не е време за умирање“ (No Time To Die). Причината е стравот од новиот коронавирус. Европската, односно лондонската премиера е закажана за 31 март, а американската – за 10 април. По тој повод, обожавателската страница „MI6-HQ“ објави јавен повик […]

„Емирати“ бара од персоналот да земе неплатен одмор


ОАЕ- Авиокомпанијата „Емирати“ побара од членовите на персоналот да земат неплатено отсуство во траење од еден месец, откако брзото ширење на новиот коронавирус предизвика откажување на летови низ целиот свет. „Емирати“ ги откажа летовите кон Иран, Бахреин и голем дел од Кина. Главниот оперативен службеник на компанијата, Адел ел Рада рече дека „Емирати“ имаат повеќе […]

Ангеловска-Бежоска: Потребно е одржливо финансирање на енергетската транзиција


Гувернерката на Народната банка на Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на конференцијата на високо ниво „Влијанието на енергетската транзиција врз нашите економии и финансискиот сектор – предизвици и можности“, што ја организираше Холандската централна банка, информираа од кабинетот на гувернерката. На овој настан што се одржа во Амстердам, учествуваа гувернери и заменици на гувернери на централни […]

Тоалетата стана фармерки: Тропскиот принт на Џенифер Лопез е секогаш ИН


САД- Кога пред 20 години, поп-ѕвездата и актерка Џенифер Лопез ја облече провокативната тоалета со тропски принт на Версаче на наградите „Греми“ , шоубизнисот веќе не беше ист. Новиот моден момент се случи вчера во Мајами. За време на ручек со семејството, Лопез донесе епска одлука да облече тесни како цигари фармерки со тропскиот принт […]

Бизнисот бара мерки за да се намалат економските и социјалните последици од корона вирусот


Корона вирусот ќе предизвика остар пад во услужниот сектор, туризмот и индустријата, нарушувања во синџирот на снабдување, ослабена побарувачка за стоки и пад на довербата на потрошувачите, предвидува Бизнис конфедерацијата на Македонија. Од таму порачуваат Владата, како и сите останати чинители брзо, ефикасно и паметно да дејствуваат, да ги следат глобалните индекси и да преземаат […]

Пристигнаа резултатите од двајцата доктори кои беа во Мадрид


Министерството за здравство информира дека резултатите на двајцата лекари кои се вратиле од конгресот во Мадрид се негативни на корона вирус. Тие се вратиле во земјава во саботата навечер, а вчера Светската здравствена организација (СЗО) ги извести здравствените власти дека во текот на вчерашниот ден кај еден од предавачите на конгресот било утврдено дека е […]

Загадениот воздух убива 19 пати повеќе од маларијата, девет пати повеќе од сидата


Според една студија, загадувањето на воздухот убива 19 пати повеќе од маларијата, девет пати повеќе од сидата и скоро три пати повеќе од алкохолот, јави дописникот на МИА. „Пандемијата“ на загадување на воздухот го намалува животниот век во светски просек за речиси три години и предизвикува 8,8 милиони случаи на прерана смрт годишно, покажува студијата […]

Над 90.000 лица заразени од корона вирусот, досега починале 3.119


Вкупниот број на заразени лица со корона вирус во светот достигна 90.032 лица, а бројот на починати 3.119, е најновиот биланс што го објавија Си-Ен-Ен и порталот Ворлдметер, пренесе МИА. Досега од заразата се излекувале вкупно 48.175 лица. Бројот на заразени расте побрзо надвор отколку во Кина, земјата која беше примарно жариште на заразата. Во […]

Настинката на Папата Франциско не е од корона вирус


Папата Франциско, кој веќе неколку дена откажува одредени активности поради настинка, не е заразен со новиот корона вирус, објави италијанскиот весник „Ил Месаџеро“. Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни немаше коментар за наводите на весникот. Папата е тестиран за корона вирус, бидејќи неговата настинка не поминува со денови, има треска и кашлица. Тој кашлаше пред пет […]

Државава подготвена за справување со евентуален бран мигранти


Државава има воспоставен систем за одговор за справување со евентуален бран мигранти и сите надлежни институции ги активираат своите оперативни планови, констатираше Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, а од Владата посочија дека со соодветно внимание ја следат ситуацијата и се во постојана комуникација со партнерите на земјава од […]

Променливо облачно со засилен ветер и температура до 21 степен


Времето ќе биде променливо облачно со засилен ветер претежно од југоисточен правец, особено во источните делови. Попладне и кон крајот на денот од Запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и локално ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се […]

Епл казнет со 500 милиони долари за забавување на постарите „ајфони“


САД– Американскиот технолошки гигант Епл ќе треба да плати вкупна отштета од 500 милиони долари на корисници, по обвиненијата дека компанијата ги правела постарите „ајфони“ побавни. Според објавените документи на Окружниот суд на Сан Хозе, Калифорнија, САД, прелиминарната спогодба сè уште чека на одобрение од судијата. Случајот отпочна 2017 година, кога корисниците почнаа со забелешки дека […]

Берлин е за брзо почнување на преговорите со Скопје и Тирана


Германија– По позитивните оценки од ЕК за Северна Македонија и за Албанија, Германија се залага за брз почеток на преговорите за членство на двете земји во ЕУ, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас. – Двете земји направија јасен прогрес во клучните реформи области, особено во зајакнувањето на судскиот систем и борбата против организираниот […]

Продолжува судењето за „Рекет“, исказ ќе даваат сведоци на Боки 13


По минатонеделните две одложувања поради отсуство на сведоците Владимир Тодоровиќ и Дејан Панделески, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева. На денешното рочиште исказ треба да дадат сведоци предложени од одбраната на Боки 13. Како што најави судечкиот совет, […]

Цеце Орешкова во улога на мајка: Кара би ја родила уште милион пати


Како голема и мала невеста, топ-моделот Цеце Георгиев (32) и нејзината двегодишна ќерка Кара беа атракција на Саемот на венчаници во Скопје. Во едноставни бели фустани предизвикуваа внимание –Цеце со својот атрактивен изглед, а Кара со прекрасните сини очи, смиреноста и играњето со мобилниот телефон. Поддршка им беше сопругот и таткото Кристијан Георгиев (38), еден […]

Шарапова нема да се враќа на тенисот како Клајстерс и Серена Вилијамс


САД– Марија Шарапова во интервју за магазинот „Вог“ порача дека не планира да се враќа на тенисот како Ким Клајстерс и Серена Вилијамс. Русинката пред неколку дена објави дека се повлекува од ВТА турнирот по низата проблеми со повреди и откри дека нема да ја прекинува „пензијата“ како нејзините колешки од Белгија и од САД. […]

Peugeot 208 e Европски автомобил на годината


Франција– Peugeot 208 успеа да ја добие титулата за Европски автомобил на годината во конкуренција на Tesla Model 3, Ford Puma, Toyota Corolla, Renault Clio, BMW Серија 1 и Porsche Taycan. Компактниот автомобил на францускиот производител, кој во понудата пристигнува со конвенционални мотори како и електричен погон, освои 281 поен во гласањето за Европски автомобил […]

Вработените на Лувр откажаа да работат поради коронавирусот


Франција– Вработените во најпосетениот француски и светски музеј Лувр, го искористија своето право на повлекување и одлучија денеска да не работат, јави дописникот на МИА. Загрижени поради епидемијата, вработените на музејот повторно изгласа право на повлекување, со што музејот втор ден по ред ќе остани затворен. Вработените се загрижени за нивното здравје и оттаму нивната […]

Финалето во ЛЕ 2022 во Унгарија, Суперкупот во Русија и во Финска


Франција– Финалето во Лига Европа во 2022 година ќе се игра на „Пушкаш арена“ во Будимпешта додека Суперкупот истата година ќе биде на Олимпискиот стадион во Хелсинки, а во 2023 година на „Казањ арена“ во Русија. Ова се одлуки од денешниот Самит на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). „Пушкаш арена“ е отворена во ноември лани, има […]

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски премиерно на ФЕСТ во Белград


Србија– Најновото филмско остварување на македонскиот режисер Милчо Манчевски, филмот „Врба“, вечерва ќе биде премиерно прикажан на 48. меѓународен филмски фестивал ФЕСТ во Белград. Како што јави дописникот на МИА од Белград, режисерот Милчо Манчевски пред преполната прес сала на ФЕСТ во Комбак дворана, изјави дека многу му е драго што е на ФЕСТ, бидејќи […]