Цеце Орешкова во улога на мајка: Кара би ја родила уште милион пати


Како голема и мала невеста, топ-моделот Цеце Георгиев (32) и нејзината двегодишна ќерка Кара беа атракција на Саемот на венчаници во Скопје. Во едноставни бели фустани предизвикуваа внимание –Цеце со својот атрактивен изглед, а Кара со прекрасните сини очи, смиреноста и играњето со мобилниот телефон. Поддршка им беше сопругот и таткото Кристијан Георгиев (38), еден од најдобрите македонски манекени на сите времиња.

Познатата манекенска двојка, веќе шест години во брак, сега поретко ја гледаме на модните писти. Си тераат приватен бизнис од областа на туризмот, и велат, го живеат животот што најмногу го сакаат.

Цеце која пред неколку години беше една од најбараните манекенки кај нас, препознатлива  по храбрите фотосесии, и  ја претставуваше Македонија на повеќе интернационални избори за убавина, вели дека улогата на мајка сега и е најважна. Не се откажала од својата страст кон коњичкиот спорт, и сега наоѓа време да тренира, а во коњите ужива и малата Кара.

Само за „Независен.мк“ Орешкова проговори за семејството и дали размисслува за уште едно дете.

Бизнисменка, манекенка, или едноставно, мајка и сопруга?

– Мајка , најважната улога во животот на една жена. Посветена сум на семејството , но секогаш наоѓам време за работните обврски и за некоја фотосесија и за себе . Најважно е добро испланираното време, така човек има време за сѐ…

Колку животниот стил ви се промени откако ја имате Кара?

-Емоционално, до небото и назад 🙂 Во секој поглед животот се менува , повеќе не сме сами , како брачни другари со Кристијан заедно ја воспитуваме. ги делиме обврските околу неа , секако како мајка главната обврска е моја ,но т тато е тука за заеднички прошетки и дружење кога јас имам работни ангажмани … Имањето дете не е никаква пречка за да функционираме како претходно . Ние патуваме, работиме , го уживаме животот заедно..

На кого личи Кара?

-Според мене Кара личи на татко и Кристијан , според него личи на мене , сепак мислам  дека го има земено најубавото  од мама и од тато.

Какво дете е Кара?

-Кара е прекрасно дете ,би ја родила уште милион пати 🙂  како што  за секоја  мајка своето дете е најубаво и најдобро , така и јас , не се разликувам од останатите…Најважно е децата да пораснат во добри , образувани, и емоционално зрели личности…

Со вас се појави на Саемот на венчавки во Скопје во улога на манекенка. Би сакале ли кога ќе порасне да биде манекенка како вас?

-Навистина ми беше предизвик да дефилирам со Кара на модна писта. Никогаш не би ја оспорувала нејзината  одлука во врска со професијата , кај нас и со нашите услови тешко да се преживее од манекенски ангажман, затоа најдобро е да се вложува во образованието , сѐ друго е релативно…

Како функционира брак меѓу двајца манекени?

-Како и сите нормални луге , едноставноста е суштината и убавината на животот , довербата е двигател на љубовта, посветени сме на Кара , на бизнисот и на милениците, во секоја смисла го уживаме животот .

Дали со Кристијан сте уште зависници од модата?

-Не би  рекла зависници , тоа е стил и начин на живот.. Секогаш кога патуваме знаеме да се почастиме со некое убаво парче гардероба  или чевли од светски познати дизајнери… Мене лично омилен бренд ми е Версаче и имам доста парчиња и чевли во плакарот…Кристијан за разлика од мене е многу позависен од модата. Ги следи светските трендови и премногу вложува време и финансии во неговиот плакар 🙂 Постојано патува во Милано и далеку преднич пред мене во тој поглед.

Се уште прифаќате квалитетни манекенски понуди. Што е различно во модниот свет некогаш и денес?

-Стерилни сме во поглед на модата,секоја  чест на исклучоците…Би било убаво да има повеќе модни случувања , да се вклучени повеќе модни имиња, да не се плашат помалите модни куќи да направат самостојна ревија , само така може да се развива текстилната индустрија и модата…Некогаш се снимаа и повеќе музички спотови , имаше повеќе печатени медиуми , се сликаа насловни , едиторијали… можеби и денес се случува истото, но е многу поразлично.

Како гледате на фактот што естетските операции ја заменуваат природната убавина?

-Немам ништо против естетски зафати, секој кој не е задоволен од сопствениот изглед и тело, и доколку има можност, не гледам зошто да не направи корекција …Лично за себе сметам дека нема ништо поубаво од негуван и природен изглед. И навистина ја почитувам природната убавина… Секој е убав на свој начин … Лично јас сметам дека на секого најмногу му одговара природниот нос , уста, коса ,итн… Меѓутоа да ги оставиме луѓето да бидат среќни-ако естетските корекции ги прават среќни – нека уживаат во тоа.

Дали нешто сте корегирале на себе?

-Засега не и немам такви намери бидејќи супер се  чувствувам во сопствената кожа , а во иднина кој би знаел ?

Дали имате време за вашата страст-коњичкиот спорт?

– Секогаш , коњот Чарли е дел од нашето семејство. Секој ден одвојувам неколку часа за тренинг а и Кара ужива во природата на коњичкиот клуб Бравадос. Главната преокупација во денот ми е покрај Кара – дружењето со коњите.

Што ве прави среќна, а што ве растажува?

-Среќна ме прави животот… Среќна ме прави моето дете , мојот сопруг ,моето семејство… Среќна ме прават ситници. Ме растажуваат односно  ме разочаруваат лажни и лицемерни пријатели.

Фото: Приватна архива

Дали размислувате за уште едно дете?

– Засега не, но би било убаво Кара да има брат или сестра , во иднина можеби, зошто да не…

Како ја одржувате топ-формата и на што се должи твојот прекрасен изглед?

-Трчам цел ден по Кара (хахах) , покрај јавањето коњ внимавам и на исхраната , но никогаш не гладувам. И среќата , секоја среќна жена е убава жена …

Л.Сабит

Фото: Борис Грданоски