Балканска рута – Од каде доаѓаат мигрантите и каде планираат да одат


Европа ја очекува нов мигрантски бран. Десетици илјади мигранти се на пат од Турција кон Европската Унија, а илјадници во моментот се обидуваат да влезат во Грција.

Додека грците порачуваат дека на сите можни начини ќе се изборат со новиот прилив бегалци, земјите на Балканскиот полуостров дополнително ги зајакнуваат границите и велат дека се подготвени за новиот бран бегалци.

Според зборовите на турскиот министер за надворешни работи Сулејман Сојлу до вчера повеже од 100.000 мигранти ја напуштиле Турција преку северозападот на земјата на границите со Бугарија и со Грција, што значи со ЕУ.

Но, грција не може да потврди дека толкав број мигранти ја поминале границата.

Меѓународната организација за миграции соопшти дека за викендот околу 13.000 мигранти веќе стиганле меѓу Грција и Турција.

Турција – дом за мигрантите

Турција е дом на речиси 4.000.000 сириски бегалци, како и мигранти кои доаѓаат од други земји.

Но, Турција ги отвори вратите за мигрантите да патуваат во Европската Унија откако најмалку 33 турски војници беа убиени во воздушни напади во провинцијата Идлиб во Сирија минатата недела, пренесе „Дневни аваз“.

Турција рече дека не може да се носи со големиот број луѓе кои бегаат од војната во Сирија и се надеваат на подобар живот во Европа.

Поради се што се случува, Европската агенција за надзор на границите Фронтекс соопшти дека е во „висока спремност“ на европската граница со Турција.

Балканска рута

Наводната „Балканска рута“ за мигранти која ја обавија повеќе српски портали има два правци.

Првиот е од Турција кон конечните одредишта преку грција, Северна Македонија, Србија, БиХ и Хрватска, а вториот преку Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, па до Германија.