Нема нови случаи со коронавирус, се испитуваат двајца лекари кои биле во Мадрид


Фото: Б. Грданоски

– Во изминатото деноноќие нема новопријавени пациенти со индиции за коронавирус. Единствената пациентка кај која беше потврден коронавирус е добро, е на Клиниката за инфективни болести, и веќе трет дена нема температура, што значи дека состојбата се стабилизира и таа закрепнува. Карантинот, односно изолацијата се одвива добро и без проблеми. Нема проблеми во делот на полициски надзор.Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој посочи дека епидемиолозите се во редовен контакат со луѓето кои се во домашна изолација.

– Има доволно количини на тестови, близу 1.000. Досега се тестирани 13 лица, сите тестови беа негативни, и состојбата и натаму внимателно се следи. Во тек е набавка на дезинфекциски средства за училиштата и за надополнуивање на резервите од каде во моментов се испраќаат до јавните здравстени институции, до МВР, за граничните премини…, рече Филипче.

Тој соопшти дека викендов во земјава пристигнаа над 10 автобуси на ГП „Табановце“,  а во петокот и два авиона во Скопје и во Охрид. Сите патници се испрашани според утврдениот протокол и нема податок оти некој е заболен или бил во контакт со некој болен во ризичните региони во Северна Италија.

– Од СЗО вчера добивме известување дека двајца македонски лекари биле на конгрес во Мадрид, а кај еден од предавачите било потврдено дека бил заболен од коронавируис. Двајцата македонски лекари се вратиле во земјава во саботата, вчера биле дома и освен со домашните немале контакт со други лица. Тие денеска ќе бидат тестирани на Инфективната клиника и ќе им биде одреден здравствен надзор, во домашни услови, во траење од две недели, рече Филипче.

Имајќи предвид дека докторите немале директен контакт со заболениот предавач, се претпоставува дека е мал ризикот тие да се заразени или да се преносители. Но, во секој случај ќе се почекаат резулататите.

Според, нема да се  продлжи препораката за неодржување јавни собири што е во сила до 6. месецов, ако нема новозаболени и се во добра состојба лицата кои се во домашна изолација.

– Ако состојбата остане непроменета односно без нови случаи на заболени од коронавирус, согласно со состојбата на лицата кои се во домашен каратин, ќе се донесе соодветна одлука. Ако нема новозаболени и луѓето во карантин немаат симптоми препораката нема да биде продолжена, но состојбата ќе се следи днево и ќе се одлучува согласно тоа, рече Филипче, оценувајќи дека засега нема потреба од  порадикални мерки.

Тој информира дека се при крај контролите на аптеките во врска со наводите за зголемени цени на средствата за заштита. Според досегашаните согледувања нема зголемување на цените, но целосната состојба ќе биде позната по завршување на контролите, посочи министерот за здравство.