По елиминацијата во ЛШ: Роналдо е разочаран во Јувентус, си заминува следното лето


Кристијано Роналдо тешко ја прифати елиминацијата веќе во четвртфиналето. Тоа му се случи првпат во кариерата и веќе решил дека ќе си замине од Јувентус. По големите успеси со Реал Мадрид, Португалецот во црно-белиот дрес се соочи со тежок удар и веќе размислува да побегне од бродот кој тоне. Од бродот кој од 1996 година …

По елиминацијата во ЛШ: Роналдо е разочаран во Јувентус, си заминува следното лето Read More »

„Монструм“ одложен за 6 мај


Предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство е одложен за 6 мај, во 10 часот, бидејќи на денешното рочиште службено отсутен беше претседателот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев. Како што информира судијата Осман Шабани, и Дафинка Ивановска, адвокатот на оштетените, го известила Судот дека нема да присуствува на денешното рочиште поради патување во странство. Османи …

„Монструм“ одложен за 6 мај Read More »

САД: Уапсен претседателски кандидат поради дрога и атентати


Кандидатот за претседател на Гватемала Марио Амилкар Естрада Орелана (58) беше уапсен во Мајами, под сомнеж дека планирал да ги убие политичките ривали и да им дозволи на трговците со дрога да ги користат пристаништата и аеродромите во Гватемала. Естрада и неговиот соработник Хуан Пабло Гонсалес Мајорга (50) треба да се појават денеска пред судијата. …

САД: Уапсен претседателски кандидат поради дрога и атентати Read More »

Романса со корејската виолинистка Сојанг Јун во Филхармонија


„Романса“ е насловен вечерашниот симфониски концерт на Филхармонијата со врвната корејска виолинистка Сојанг Јун, која ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар од Јоханес Брамс. Оркестарот ќе го води диригентот  Михал Нестерович од Полска, а на концертот премиерно во земјава ќе биде изведена и Петтата симфонија од англискиот композитор Ралф Вон Вилијамс. Солистката Сојанг …

Романса со корејската виолинистка Сојанг Јун во Филхармонија Read More »

Почнува новата сезона „Почни со Водно“


Новата, трета сезона на „Почни со Водно“ се отвора денеска, настан замислен како еден поинаков вид на дружење после работа. Во организација на планинарското друштво „Ај лав хајкинг“, главната цел на овие „прошетки“ е да ја подигнуваат свеста за здравиот начин на живот и учесниците да ги засакаат природата и планинарењето. Рецептот е едноставен: само …

Почнува новата сезона „Почни со Водно“ Read More »

Деркоски: Се е подготвено за изборите


Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски и членови на ДИК утрово го следеа процесот на преземање и дистрибуција на гласачкиот материјал што го изработи битолската печатница „Киро Дандаро“. Државната изборна комисија го презеде доверливиот материјал, гласачките ливчиња и друг материјал потребен за претстојните претседателски избори, како и за вонредните избори за градоначалник во општините …

Деркоски: Се е подготвено за изборите Read More »

Албанската Влада издвои 100.000 евра за обновата на Нотр Дам


И албанската Влада стана дел од донаторите за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз, која се запали пред три дена. За таа цел донесена е одлука да се доделат средства во износ од 100.000 евра. Претходно албанскиот државен врв и лидери на политички партии изразија жалење за настанатите штети на познатата катедрала Нотр Дам …

Албанската Влада издвои 100.000 евра за обновата на Нотр Дам Read More »

„Тајм“ со листа на 100 највлијателни луѓе за 2019 година


САД– Американскиот магазин „Тајм“ објави листа на 100 највлијателни луѓе за 2019 година, а победниците како и досега ги има во повеќе категории, од дебитанти до титани. На листата на дебитанти има имиња кои имаат различен стаж на јавната сцена. Тука се наоѓаат глумицата Сандра О. (47), која е годинешна добитничка на Златниот Глобус („Killing …

„Тајм“ со листа на 100 највлијателни луѓе за 2019 година Read More »

Сто и дваесет авиокомпании со забрана за летање во ЕУ


Европската Комисија ја објави најновата црна листа на забранети авиокомпании, вкупно 120 се засегнати, меѓу нив една европска компанија. ЕК редовно го обновува списокот на забранети авионски компании во рамките на своите политики за безбедност на патниците. Од 120-те забранети компании, 114 се сертифицирани во 16 држави во кои Европска Унија смета дека национална контрола …

Сто и дваесет авиокомпании со забрана за летање во ЕУ Read More »

Болтон најави проширување на „црната листа“ на Куба


Соединетите Американски Држави на „црната листа“ на санкционирани кубански поединци и компании, додаваат уште пет, кои имаат врски со разузнавачките и воените служби на Куба, изјави вчера американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон. На листата првпат се најде и кубанската воена авиокомпанија „Аерогавиота”. Болтон им се обрати на ветераните на неуспешната инвазија на Заливот …

Болтон најави проширување на „црната листа“ на Куба Read More »

Се судриле мопед и велосипед, повредени две жени


Во Велес, во средата попладне се случила сообраќајна незгода во која учествувале мопед и велосипед, повредени се две жени. Во средата, во 17.25 часот било пријавено дека во Велес на улицата „Димитар Влахов“ кај железничкиот мост се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Априлија“ со велешки регистерски таблици, управуван од Ѓ.К. (50) од Велес и велосипед …

Се судриле мопед и велосипед, повредени две жени Read More »

Хемофиличарите бараат лекови без тендер


Болните од хемофилија А и Б и хемофилија со инхибитори на Светскиот ден на хемофилијата побараа набавката на факторот за коагулација на крвта да не оди преку тендер за да не се случи пациентите да останат без лекови. Сега не им фали фактор за коагулација, проблем со кој се соочуваа лани. Претседателката на Здружението на …

Хемофиличарите бараат лекови без тендер Read More »

(Видео) Оган во моторот на „боинг 737′ при полетувањето


Моторот на „боинг 737“ го зафати пожар во моментот на полетување од московскиот аеродром. Според снимката која се појави на социјалните мрежи, огнот се појавил во внатрешноста на моторот на авионот и тоа во моментот кога тргнал да полетува. Снимката е направена од патник кој се наоѓал во леталото. Се гледа дека полетувањето, на момент, …

(Видео) Оган во моторот на „боинг 737′ при полетувањето Read More »

Рампа и за невакцинираните ученици


Ниту едно дете нема да биде примено во градинка и во училиште ако е невакцинирано, дециден е министерот за здравство Венко Филипче, откако во вторникот беше усвоен предлогот на Комисијата за заразни болести да се прогласи епидемија од морбили на територија на целата држава. Мултисекторската група ги разгледувала сите важечки закони и заклучиле дека има позитивна …

Рампа и за невакцинираните ученици Read More »

Балак: Мурињо ќе им даде сјај на Баерн и Бундеслигата


Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Челзи, Михаел Балак верува дека Жозе Мурињо ќе се вклопи одлично во баварскиот колос. Тој играше под раководство на Португалецот на „Стемфорд бриџ“. Специјалниот сензационално се поврзува со најуспешниот германски клуб, откако иднината на Нико Ковач се чини несигурна. – Зошто да не? Жозе Мурињо не е само едно …

Балак: Мурињо ќе им даде сјај на Баерн и Бундеслигата Read More »

Каролина, Елена и Лоба: Најубавите пејачки ја освојуваат Америка


Пејачките Kаролина Гочева, Елена Ристеска и Викторија Лоба на своите Инстаграм профили деновиве објавуваат фотки од нивните посети на САД. Каролина Гочева појде таму по повод самостојната изложба „Поглед“  на нејзиниот сопруг, талентираниот уметник Михаил Корубин, која се отвара денес во Њујорк, во галеријата „MC“. Елена Ристеска таму има пријатели, но работи и на нова …

Каролина, Елена и Лоба: Најубавите пејачки ја освојуваат Америка Read More »

Караџовски си оди без влакно да му фали


  Неколку дена по првиот круг на претседателските избори, пред велигденските празници, судијата Зоран Караџовски ќе го отстапи претседателското столче, на кое треба да седне некој од членовите на ова тело кое избира и разрешува судии, ја следи и оценува нивната работа и утврдува нестручно и несовесно работење. Претседателските избори нема да го спречат изборот …

Караџовски си оди без влакно да му фали Read More »

Репортери без граници: Влошување на слободата на медиумите во Европа


Иако Европа останува најбезбеден региони за новинарите, изминатата година бележи загрижувачки трендови по убиствата на тројца новинари во Малта, Чешка и Бугарија покажува последниот извештај на Репортери без граници (РСФ) за слободата на медиумите во светот. – Бројот на земјите кои се сметаат за безбедни продолжува да се намалува, додека авторитарните режими ја зајакнуваат својата …

Репортери без граници: Влошување на слободата на медиумите во Европа Read More »

Најмалку 29 загинати во автобуска несреќа во Португалија


Автобус полн со германски туристи се преврте, при што загинаа 29 луѓе во средата во Цаницо, крајбрежен град на португалскиот остров Мадеира. Уште 27 луѓе се повредени, во несреќата на автобусот што превезувал 55 патници, туристички водич и возач Автобусот се превртел во крајбрежната област околу 17.30 часот, вели градоначлникот на местото Филипе Соуса. Телевизиите …

Најмалку 29 загинати во автобуска несреќа во Португалија Read More »

Кој сака да го избетонира „Јасен“?


Туризам во „Јасен“ треба и добро е да има, но каков е прашањето што се поставува откако почна изградбата на туристичко-рекреативниот комплекс во месноста Рудина. Во 2010 година била направена Студија за валоризација на природните вредности на повеќенаменско подрачје Јасен, изработена од истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ од Скопје, во рамки на проект на УНДП. На …

Кој сака да го избетонира „Јасен“? Read More »