Најмалку 29 загинати во автобуска несреќа во Португалија


Автобус полн со германски туристи се преврте, при што загинаа 29 луѓе во средата во Цаницо, крајбрежен град на португалскиот остров Мадеира.
Уште 27 луѓе се повредени, во несреќата на автобусот што превезувал 55 патници, туристички водич и возач
Автобусот се превртел во крајбрежната област околу 17.30 часот, вели градоначлникот на местото Филипе Соуса.
Телевизиите пренесоа фотографии на кои се гледа дека белиот туристички автобус е превртен на страна во близина на мал локален пат, а околу него има бројни спасувачи.
Возачот изгубил контрола над возилото кое се излизгало од патот покрај куќа, пренесува португалската агенција Луса.
„Немам зборови за тоа што се случи. Не можам да се соочам со страдањето на овие луѓе“, вели Соуса за  SIC TV.
Тој вели дека сите туристи биле Германци, но дека можно е да се удрени и неколку пешаци.
Уште германски туристи оистата група патувале со друг автобус, кој не е вклучен во несреќата.
Повредените се пренесени во болница во главниот град на Мадеира.

Од првично однесените повредени во болница 28 туристи, еден не преживеал, тројца се на операција, а 23 се задржани за набљудување. Меѓу жртвите нема деца, потврдија од болницата, а две повредени се од Португалија, но со странска националност.

Португалскиот претседател Марчело Пебело де Соуса за SIC TV вели дека некои од жртвите се ос Мадеира, но се Германци.
Според цивинлата заштита туристите во несреќата се на возраст од 40 до 40 години.
Истрагата е во тек.