Каролина, Елена и Лоба: Најубавите пејачки ја освојуваат Америка


Пејачките Kаролина Гочева, Елена Ристеска и Викторија Лоба на своите Инстаграм профили деновиве објавуваат фотки од нивните посети на САД.

Каролина Гочева појде таму по повод самостојната изложба „Поглед“  на нејзиниот сопруг, талентираниот уметник Михаил Корубин, која се отвара денес во Њујорк, во галеријата „MC“.

Елена Ристеска таму има пријатели, но работи и на нова музика, па не ја пропушти шансата убаво да ја истражи Калифорнија.

Викторија Лоба пак, која веќе е вратена, се релаксираше и работеше на тенот на Флорида.

Каролина која со сопругот ќе останат месец дена во САД, а ќе отпатуваат и до Мексико, на Менхетен се прошета во аутфит на кој многумина може да и позавидат.  Имено во фокусот е нејзината ремен-чанта од брендот „Фенди“ која чини цели 1290 долари или 1142 евра.