(Видео) Оган во моторот на „боинг 737′ при полетувањето


Илустрација
Моторот на „боинг 737“ го зафати пожар во моментот на полетување од московскиот аеродром.
Според снимката која се појави на социјалните мрежи, огнот се појавил во внатрешноста на моторот на авионот и тоа во моментот кога тргнал да полетува. Снимката е направена од патник кој се наоѓал во леталото.
Се гледа дека полетувањето, на момент, беше сопрено и на патниците им беше речено да го напуштат леталото.
Не е познато кога настанала снимката.