Балак: Мурињо ќе им даде сјај на Баерн и Бундеслигата


Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Челзи, Михаел Балак верува дека Жозе Мурињо ќе се вклопи одлично во баварскиот колос. Тој играше под раководство на Португалецот на „Стемфорд бриџ“.
Специјалниот сензационално се поврзува со најуспешниот германски клуб, откако иднината на Нико Ковач се чини несигурна.
– Зошто да не? Жозе Мурињо не е само едно големо име, туку има долгогодишно искуство и вештина да освојува трофеи. Мурињо ќе даде сјај на Баерн и на Бундеслигата, без сомнение. Клубот и лигата ќе ја кренат вредноста на меѓународно ниво. Со тренер како него е полесно да привлечеш големи ѕвезди. Во моментов Бундеслигата не е толку привлечна за најголемите играчи, изјави Балак за „Билд“.