Заев не сака да го коментира назначувањето на Ерол Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнавање


Премиерот Зоран Заев не сака да го коментира назначувањето на Ерол Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнавање, откако од ДУИ реагираа дека човек што бил дел од безбедносните служби не треба да биде на чело на такви институции. – Јас знам дека претседателот знае понекогаш да ме консултира за одредени прашања. тоа се …

Заев не сака да го коментира назначувањето на Ерол Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнавање Read More »

Министерот Адеми му честиташе на Васил Стерјовски за пратеничкиот мандат во албанскиот Парламент


Министерот без ресор задолжен за дијаспора, во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми, упати честитка до Васил Стерјовски, кој деновиве стана пратеник во Парламентот на Албанија. -Вашата одлука е голем демократски чин. Ја ценам Вашата одлука да се вклучите во демократските процеси во Република Албанија во овој важен момент и за Албанија и за …

Министерот Адеми му честиташе на Васил Стерјовски за пратеничкиот мандат во албанскиот Парламент Read More »

Хит-претставата „Вардарски пастуви“ на турнеја низ Македонија


Хит-претставата „Вардарски пастуви“  на НУ Театар Комедија започнува турнеја низ Македонија. Почетокот на турнејата е закажан за 27 мај, понеделник, во Кочани, каде што претставата ќе биде дел од свеченото отворање на ДАФ (Фестивал на аматерскиот театар), а веќе следниот ден, на 28 мај, екипата на „Вардарски пастуви“ ќе игра во Центарот за култура ,,Антон …

Хит-претставата „Вардарски пастуви“ на турнеја низ Македонија Read More »

Селекторот Ангеловски го објави списокот на играчи за мечевите против Полска и Австрија


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски денеска го соопшти списокот на фудбалери за натпреварите од квалификациите за Европското првенство 2020 кои се закажани на 7 и 10 јуни против Полска и Австрија. Австрија и Полска се фаворити во нашата група, но олеснителна околност е што нашите фудбалери се во добра форма, а двата меча …

Селекторот Ангеловски го објави списокот на играчи за мечевите против Полска и Австрија Read More »

ДУИ бара од Пендаровски да ја преразгледа одлуката за именувањето на Муслиу за директор на АР


ДУИ побарала од претседателот на државата Стево Пендаровски повторно да ја разгледа одлуката за именувањето на Ерол Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнавање. -Вчерашната одлука на претседателот Пендаровски за назначување на директор на Агенцијата за разузнавање не вознемири сите и фрли сенка на вчерашниот ден кога Собранието ја донесе реформата на безбедносните служби. …

ДУИ бара од Пендаровски да ја преразгледа одлуката за именувањето на Муслиу за директор на АР Read More »

Турска опозиција: Ердоган потроши милиони долари за веб-страница на општина Истанбул


Турција – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган потрошил 80 милиони турски лири (13 милиони американски долари) за веб-страницата на Истанбулската општина за период од три години, тврди Екрем Имамоглу, кој не ја презеде функцијата градоначалник на Истанбул по одлуката на турските власти да ги поништат изборите од 31 март. Кандидатот на опозицијата Имамоглу победи на изборите на …

Турска опозиција: Ердоган потроши милиони долари за веб-страница на општина Истанбул Read More »

Почна чистката во СДСМ. Заев ги распушта извршните одбори на партиските разграноци


Претседателот на СДСМ Зоран Заев ги почна кадровските промени со разрешување на претседателите на сите 78 општински организации на партијата, чие именување, според партискиот статут, е во негова надлежност. Со тоа се распуштаат сите извршни одбори на локално ниво. Ова е резултатот од синоќешната координација на најтесното раководство на „Бихаќска“. Заев соопшти  денеска дека во …

Почна чистката во СДСМ. Заев ги распушта извршните одбори на партиските разграноци Read More »

Кејт или Меган : Кој има повеќе следбеници на социјалните мрежи?


Англија- Вилијам и Кејт со 8,9 милиони следбеници, наспроти 8,3 милиони следбеници на Хари и Меган- водат во битката за популарност на социјалните мрежи. Кралицата Елизабета Втора, во духот на времето, распишала оглас за менаџер за социјалните мрежи. Претходно, Меган и Хари целосно се одвоија од Вилијам и Кејт на социјалните мрежи. Досега сите делеа …

Кејт или Меган : Кој има повеќе следбеници на социјалните мрежи? Read More »

Приватно здравствено осигурување само со државно


Голем дел од хонорарците во земјата немаат здравствено осигурување бидејќи работодавачите, согласно Законот за работни односи, немаат обврска да им го плаќаат. За да имаат, треба да се пријават во ФЗОМ и во Агенцијата за вработување, меѓутоа, ретко кој од нив има статус на осигурено лице во Фондот за здравствено осигурување, така што тие што …

Приватно здравствено осигурување само со државно Read More »

Тони Зен со нов албум:  „Од изворот на изборот“


Хип хоп артистот Тони Зен, синоќа, во МКЦ клуб и ресторан, го промовираше својот шести по ред албум со наслов „Од изворот на изборот“. Пред повеќе стотици гости, најголем дел негови пријатели и препознатливи музички имиња од домашната сцена, Тони Петковски нескриено ја искажа радоста по повод излегувањето на неговиот најнов соло албум и по …

Тони Зен со нов албум:  „Од изворот на изборот“ Read More »

Во пресрет на митингот на СИРИЗА во Солун приведени 25 лица


Грција– Грчката полиција синоќа во Солун приведе 25 лица, поради учество на протест против Договорот од Преспа во пресрет на предизборниот собир на владејачката партија СИРИЗА на кој се обрати премиерот Алексис Ципрас, објавија грчките медиуми. На шестмина од уапсените им е одредена мерка притвор, а останатите се пуштени на слобода. Според локалните медиуми, дел …

Во пресрет на митингот на СИРИЗА во Солун приведени 25 лица Read More »

И Панасоник ја прекинува соработката со Хуавеј


Јапонија – Јапонската компанија „Панасоник“ одлучи да прекине испорака на одредени компоненти за кинескиот производител на телекомуникациска опрема „Хуавеј“, откако САД воведоа  рестрикции за извоз за таа компанија. – Бројот на производи што се погодени од таа одлука е ограничен и тешко дека ќе има какво било влијание на профитот, тврди претставник на „Панасоник“. Компонентите што …

И Панасоник ја прекинува соработката со Хуавеј Read More »

Во скопската зоолошка ќе се реновираат живеалиштата за лавови и кенгури


Во Зоолошката градина во Скопје деновиве започнаа подготовките за реновирањето на живеалиштето на морскиот лав, а беше подготвено и новото живеалиште за зебрите Јанош и Јашари кои пристигнаа од Словенија и Чешка. Во наредниот период, благодарение на спонзори и донатори ќе се реновираат сите живеалишта каде има потреба од подобрување на условите. Како што информираат …

Во скопската зоолошка ќе се реновираат живеалиштата за лавови и кенгури Read More »

Марадона негираше дека бил во притвор во Буенос Аирес


Аргентина – Поранешниот фудбалер и селектор на репрезентацијата на Аргентина, Диего Марадона, негираше дека бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Претходно беше објавено дека причината за апсењето била тужбата на поранешната девојка Росио Олива. Тоа бара од него да плати сума од пет милиони фунти. Тие биле во врска шест години и се разделиле во …

Марадона негираше дека бил во притвор во Буенос Аирес Read More »

Чешката култура ќе биде претставена во Македонија


Амбасадата на Чешката Република сака да излезе од фокусот на политиката и на македонската јавност да ѝ ја претстави чешката култура за да може уште повеќе да ги приближи двете земји. „Сега кога кризата во вашата земја е завршена со претседателските избори, сакаме да се насочиме и кон други работи кои не се поврзани со …

Чешката култура ќе биде претставена во Македонија Read More »

Договорени првите кадровски резови во СДСМ


Раководството на СДСМ постигнало начелен договор за тоа како ќе се спроведуваат кадровските промени, посебно за функционерите од оваа партија што ги најави премиерот Зоран Заев во периодот меѓу двата круга од претседателските избори. За ова било разговарано на синоќешната кординација на најтесното раководство на партијата на Бихаќска. Според партиски извори, се очекува од денеска …

Договорени првите кадровски резови во СДСМ Read More »

Турција прекина да купува иранска нафта


Турција – Турција на почетокот на мај целосно прекина да увезува иранска нафта, за да ги почитува американските санкции, иако не ги одобрува, изјави турски официјален претставник. – Како стратешки сојузник на САД, ние ги почитуваме санкциите, изјави претставникот на маргините од неговата посета на Вашингтон, каде што е во придружба на заменик-министерот за надворешни работи …

Турција прекина да купува иранска нафта Read More »

Мундијалот во Катар останува со 32 репрезентации


Швајцарија– Светското фудбалско првенство во Катар ќе се игра со 32 репрезентации и покрај најавите за проширување на бројот на учесници на 48. Главна причина е недоволното време за подготовка за новиот формат. Организацискиот одбор на Светското првенство во 2022 година не беше против зголемувањето на бројот на учесници на турнирот на 48. Катар отсекогаш бил …

Мундијалот во Катар останува со 32 репрезентации Read More »

Новости: Белград не сака арбитража поради царините, подготвува контрамерки


Србија – Белград нема да почне арбитража против Приштина поради огромните царини на производи од централна Србија, туку е одлучено да се применат контрамерки што во моментов се разгледуваатм, објави весникот Новости. Според весникот, за арбитража се откажале, бидејќи УНМИК, кој е потписник на ЦЕФТА-договорот во име на Косово, се прогласил за ненадлежен. – Во таа …

Новости: Белград не сака арбитража поради царините, подготвува контрамерки Read More »

ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред


Изменет ќе биде возниот ред на автобусите во петок. Од ЈСП информираат дека утре (24.05.2019 година), поради државниот празник 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.