Договорени првите кадровски резови во СДСМ


Раководството на СДСМ постигнало начелен договор за тоа како ќе се спроведуваат кадровските промени, посебно за функционерите од оваа партија што ги најави премиерот Зоран Заев во периодот меѓу двата круга од претседателските избори. За ова било разговарано на синоќешната кординација на најтесното раководство на партијата на Бихаќска. Според партиски извори, се очекува од денеска да почнат да бидат соопштувани имињата на функционери кои ќе заминат од позициите, ќе бидат ротирани или евентуално унапредени.