Зголемен бројот возачи без возачка дозвола на скопските сообраќајници


Од вкупно 32 возачи исклучени од сообраќај вчера 30 се без возачка дозвола, а само двајца возачи почетници. Информациите од СВР Скопје покажуваат дека и денеска, како и во изминатите денови, е голем бројот возачи учесници во сообраќајот без возачка дозвола. СВР Скопје денеска соопшти дека од сообраќај се исклучени и 18 нерегистрирани возила. Инаку, …

Зголемен бројот возачи без возачка дозвола на скопските сообраќајници Read More »

Експлозија на пазар во Загреб, нема повредени


Хрватска- Експлозија одекна на пазар во Загреб рано утрово во која нема повредени. Полицијата соопшти дека околу три часот утрово одекнала експлозија во населбата Гајнице, од засега  неутврдена причина, јавија хрватски медиуми. Од експлозијата, оштетена е една продавница во пазарот и камион паркиран во близина на продавницата.

Опозицијата на два ума. На вмровците не им се (пре)дава Груевски


Неколку координации на ВМРО-ДПМНЕ и на пратеничката група беа најавени за синоќа и за утринава, пред денешното заседание на Комисијата за мандатно-имунитени прашања. Гласовите на опозицијата се одлучувачки дали ќе му се одземе пратеничкиот мандат на поранешниот и долгогодишен премиер и лидер на десницата Никола Груевски, кој веќе половина година е во бегство во Унгарија. …

Опозицијата на два ума. На вмровците не им се (пре)дава Груевски Read More »

Новинa: Децата со лесна попреченост од септември во редовни училишта


Од септември во посебните училишта нема да учат, односно да се примаат ученици со лесни попречености. Тие ќе треба да се образуваат во редовните училишта, а во посебните и натаму ќе се образуваат само учениците со најтешки пречки. Ова е една од опциите во втората верзија на предлог-законот за основно образование, која предвидува посебните основни …

Новинa: Децата со лесна попреченост од септември во редовни училишта Read More »

Клучни етапи по европските избори


Белгија – Европските избори, што почнуваат денеска и ќе траат до 26 мај, се претходница на големи промени во европските институции што ќе бидат извршени до крајот на 2019 година. Во тие месеци ќе има неколку клучни етапи. На 26 мај, по затворањето на изборните места во Италија (по 21 по Гринич), националните власти на секоја од …

Клучни етапи по европските избори Read More »

Костими за капење за сите: Тоа најдобро го знаат сестрите Грем


САД– Ешли Грем и нејзината сестра Абигеил Грем ги рекламираат новите костими за капење наменети за жени од сите генерации, со облини- Swimsuits For All. Раскошните манекенки позираат под сончевите зраци во новите модели на едноделни и дводелни костими за капење. Самата Ешли учествувала во дизајнот на неколку костими за капење, фокусирајќи се на тропските …

Костими за капење за сите: Тоа најдобро го знаат сестрите Грем Read More »

Само градскиот превоз расте, другите се намалиле


Во првото тримесечје од годинава биле превезени 1,3 отсто помалку патници отколку во истиот период лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 4,1 отсто, во приградскиот превоз е намален за 1,7 процент, во меѓуградскиот превоз за 26,8 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува …

Само градскиот превоз расте, другите се намалиле Read More »

Сведоци во „Тортура“: Камчев и Мијалков ќе се соочат во судница


Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР, Иво Котевски, се повикани да сведочат на наредното рочиште за „Тортура“ по предлог на Специјалното јавно обвинителство, закажано за 20 јуни, кое се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Во еден од …

Сведоци во „Тортура“: Камчев и Мијалков ќе се соочат во судница Read More »

Рајко Грлиќ доаѓа во Скопје : Славните филмови во Кинотека


Филмски омаж на режисерот Рајко Грлиќ со наслов „Чуварот на благородната утопија“ ќе се одржи од 31 мај до 4 јуни во Кинотеката на Македонија. Тој ќе биде лично присутен на проекциите. – Грлиќ се школувал на прочуената филмска школа ФАМУ во Прага, Чешка, која во наследството ја има и ја негува средноевропската мултикултурна утопија …

Рајко Грлиќ доаѓа во Скопје : Славните филмови во Кинотека Read More »

Јункер: Уморен сум од постојаното одложување на рокот за Брегзит


САД – Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, за телевизијата Си-Ен-Ен, изјави дека губи трпение поради постојаното одложување на рокот на Британија за напуштање на Европската унија. – Морам да кажам дека почнувам да се уморувам бидејќи сите се движиме од едно продолжување до друго … Луѓето губат трпение. Сакам да кажам „да“, да се одржи …

Јункер: Уморен сум од постојаното одложување на рокот за Брегзит Read More »

Тајмс: Тереза Меј утре ќе поднесе оставка


Англија – Британската премиерка Тереза Меј утре ќе поднесе оставка поради тоа што не е прифатена нејзината позиција за тоа како да се реализира напуштањето на Европската унија, објави весникот Тајмс, цитирајќи извори од владата. Според весникот, таа може да поднесе оставка по состанок закажан за в петок со Греам Брејди, претседател на „Комитетот од 1922“, …

Тајмс: Тереза Меј утре ќе поднесе оставка Read More »

„Младите доаѓаат“ – настап на талентирани ученици со Филхармонија


 „Младите доаѓаат“ е насловот на концертот на Филхармонија што ќе се одржи вечерва. Со Филхармонија ќе настапат млади, талентирани музички уметници, ученици од државните музички училишта во земјава, кои се избрани по пат на аудиција, информираат од Филхармонија. Под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, ќе бидат изведени дела од Крајслер, Виењавски, Дворжак, Бетовен, Монти, Маскањи, …

„Младите доаѓаат“ – настап на талентирани ученици со Филхармонија Read More »

Промоција на книгата „Струма“ од Хактан Акдоган


Во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска во 18, 30 часот, во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Струма“ –   една приспивна во темнината од Хактан Акдоган.   Промотивна реч за книгата во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе одржи Академик Ферид Мухиќ. Книгата „Струма“ зборува за брод …

Промоција на книгата „Струма“ од Хактан Акдоган Read More »

Манџукиќ опериран во Хрватска


Италија – Фудбалерот на Јувентус Марио Манџукиќ бил подложен на хируршка интервенција, се наведува во соопштението од торинскиот клуб. Станува збор за рутински операција, односно септопластика поради проблеми со носот, кои му предизвикувале проблеми во дишењето. Од клубот не наведуваат дали за хрватскиот фудбалер сезонава во Италија е завршена пред време, но по се изгледа тој …

Манџукиќ опериран во Хрватска Read More »

Почнуваат европските избори, гласање до недела


Белгија – Околу 400 милиони Европејци од 28 земји-членки на ЕУ од денеска до недела ќе ги избираат своите претставници во Европскиот парламент со мандат во следните пет години. Први што гласаат денеска се холандските и британските, додека во повеќето земји-членки европските избори ќе се одржат в недела, на 26 мај. Резултатите што ќе го одредат …

Почнуваат европските избори, гласање до недела Read More »

Сите луѓе на претседателот


Новиот претседател Стево Пендаровски вчера го објави составот на својот тим. Голем дел од имињата што ги соопшти предизвикаа одредено изненадување во политички кругови, посебно во СДСМ, каде што првично се наметна дилемата за причините за трансферот на Миле Бошњаковски од Владата во резиденцијата на Водно, а сега и за отсуството на позвучни имиња од …

Сите луѓе на претседателот Read More »

Деловен појадок на бизнис заедницата со премиерот


Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), денеска го организира традиционалниот Деловен појадок со претседателот на Владата. На  свечениот настан, во присуство на деловната заедница, ресорните министри, дипломатскиот кор, официјални обраќања ќе имаатпремиерот Зоран Заев и претседателката на ССК Данела Арсовска. На настанот, како што најавуваат, ќе се дискутира за најзначајните економски прашања во функција …

Деловен појадок на бизнис заедницата со премиерот Read More »

Британската министерка Лидсом поднесе оставка поради Брегзит


Англија – Една од водечките приврзаници на Брегзит, британската министерка за односи со британскиот Парламент, Андреа Лидсом, поднесе оставка, наведувајќи дека не може да ја поддржува владата. Оставката е поднесена по последниот неуспешен предлог на премиерката Тереза Меј за напуштање на Велика Британија на Европската унија. – Повеќе не верувам дека нашата позиција ќе доведе до …

Британската министерка Лидсом поднесе оставка поради Брегзит Read More »

Собраниска комисија ќе расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски


Утврдување на Предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, поради неоправдано отсуство повеќе од шест месеци, е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Седницата е закажана врз основа на претходно известувањето од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, доставено на 15 мај. Според член …

Собраниска комисија ќе расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ова е ден кога треба да ги презентирате своите идеи и планови: Месечината во Водолија ве поттикнува да размислувате на универзално ниво, разговарајќи за визиите за непосредната иднина. Тука се и вашите пријатели, кои ќе ви помогнат со добри сугестии, оцени и со своите способности. Сѐуште не е време да брзате, туку да се …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »