Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Ова е ден кога треба да ги презентирате своите идеи и планови: Месечината во Водолија ве поттикнува да размислувате на универзално ниво, разговарајќи за визиите за непосредната иднина. Тука се и вашите пријатели, кои ќе ви помогнат со добри сугестии, оцени и со своите способности. Сѐуште не е време да брзате, туку да се едуцирате повеќе.
БИК: Нов развој на работен план, со кој што доаѓате до саканата слобода: новите планови бараат некаква интервенција, при што треба да внимавате на комуникацијата. Што и да се случува, ќе треба да се потрудите повеќе и да не се плашите од ништо: насмејте се и денот нема да биде изгубен и така ќе го покажете својот волшебен карактер.
БЛИЗНАЦИ: Будни и љубопитни, нема смисла да мислите дека сте над сите човечки закони: размислете добро какви се вашите склоности и дали имитирате некој? Подготвени да се соочите со своите должности, внимателно проучете ја содржината на својата истрага: дел од средствата инвестирајте ги во домот и најдете време за релаксација.
РАК: Важно животно поглавје, со безгранични потенцијали: сега нема место за неодлучност, бидејќи би можеле да пропуштите одлични шанси. Сите минати искуства ве доведоа до овој пат, кога ќе треба да ја раскажете својата вистина. Размислете добро каде би сакале да појдете оттука натаму и добро проучете ги понудените документи или докази.
ЛАВ: Можеби ќе се соочите со своевидна резервираност од страна на своите партнери, но тоа не значи да не продолжите напред со своите планови. Напротив, пред вас се повеќе опции, а вие сте доволно силни за да ги истражите сите варијанти. Сите дилеми ќе исчезнат со добро водена комуникација и имање на такт.
ДЕВИЦА: Денес сте во состојба да покажете дека ученикот може да го надмине учителот и да откриете нов аспект од некое прашање: со победата над стравот станувате мудри и ја покажувате својата техника и таленти. Ќе постигнете сигурност сеќавајќи се на старите науки и ќе го надминете вродениот песимизам: егзактни и педантни, ја рафинирате работата.
ВАГА: Во фокус се интимните врски, кои бараат сериозен ангажман и договори: дали сте лојални на своите првични идеи? Можеби ќе треба да жртвувате дел од себе за да напредувате тимски, но во тоа се состои убавината на животот меѓу двајца. И двете страни имаат солидни аргументи, како и грст на доблести: направете напор и воочете ја оваа убавина!
СКОРПИЈА: Потешкотии на материјален план, кои се непосредно поврзани со домот или некоја институција: погледнете се добро во огледалото пријатели и прашајте се дали сте доволно храбри или само суетни околу оваа ситуација? Не губете надеж, бидејќи така веќе сте изгубиле половина битка. Изнајдете начин како да го спасите она што сѐуште можете.
СТРЕЛЕЦ: Посветете им се на најблиските и не срамете се да признаете дека сте згрешиле: на тој начин полесно ќе ги решите конфликтите и на крајот од денот ќе се насмеете. Покажете ја својата дипломатска страна на професионален план и бидете особено трезвени ако треба да потпишете некаков документ: го постигнувате саканиот успех и среќа!
ЈАРЕЦ: Со благороден карактер, успешно се справувате со важните ситуации: бидете лојални и истрајни на професионален, но и на интимен план, инсистирајќи на вистината. Богати и со одлично чувство за економските прашања, наоѓате нов материјал кој што ќе го претворите во богатство. Постојани и принципиелни, успевате во она што сте го ветиле.
ВОДОЛИЈА: Несебични, но резервирани, денес учите нови лекции: ако сакате и понатаму за вас да говорат дека сте реформатори и авангардни, ќе треба да бидете отворени за нови опции. Изучувајте повеќе за природните мистерии и работете вредно: тоа ќе му се додпадне на вашето семејство и повторно ќе станете привлечни. Направете нов план.
РИБИ: Нема смисла да сте жртва на сопствените погрешни убедувања и да сметате дека сте жртва на некакви погрешни околности: сѐ што се случува е во ваш домен и можете да продолжите напред, само ако сакате. Поволен период за правење на договори со блиските роднини и семејството, со кои што ќе дојдете до финансиски награди. Успех.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ