Селекторот Ангеловски го објави списокот на играчи за мечевите против Полска и Австрија


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски денеска го соопшти списокот на фудбалери за натпреварите од квалификациите за Европското првенство 2020 кои се закажани на 7 и 10 јуни против Полска и Австрија.

Австрија и Полска се фаворити во нашата група, но олеснителна околност е што нашите фудбалери се во добра форма, а двата меча ги играме на домашен терен, што треба да биде мала предност за нашата репрезентација. За двата меча во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“, нашиот предводник ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски, Дејан Илиев и Дамјан Шишковски.

Одбрана: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Дарко Велковски, Кристијан Тошевски и Ѓоко Зајков.

Среден ред: Енис Барди, Адријан Адеми, Бобан Николов, Езџан Алиоски, Ферхан Хасани, Елиф Елмас, Кире Маркоски и Марјан Радески.

Напад: Горан пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Крсте Велковски и Дарко Чурлинов.