Голем протест во Москва, приведени над 100 лица


Десетици илјади луѓе се собраа денес на протестот на опозицијата во Москва на една од главните градски авении. Овој пат властите го одобрија митингот за разлика од претходните два викенди, кога не беа дозволени. Руското Министерство за внатрешни работи процени дека на авенијата „Сахаров“ имало 20.000 луѓе, додека невладините организации наведоа бројка од 49.000 учесници, …

Голем протест во Москва, приведени над 100 лица Read More »

50 години подоцна, Вудсток е сѐ уште во воздухот


Педесет години подоцна, Девлин – неговата брада во должина на градниот кош е непроменета, но сега е многу посива – сè уште е таму. „Јас навистина не сум хипи, но откако останав овде, сите во градот ме нарекоа хипи“, рече тој. „Тие ќе речат, ‘Еј, купи пијалак од хипи!’  Па му одговорив. Тој Ден на …

50 години подоцна, Вудсток е сѐ уште во воздухот Read More »

Безос пак продаде акции за 990 милиони долари


Основачот и директор на „Амазон“ Џеф Безос во првите два дена на август продал уште еден пакет од над 530.000 акции на Амазон за 990 милиони долари. По плаќањето на данокот, нето добивката од оваа трансакција на Безос ќе му донесе 750 милиони долари. Само неколку дена претходно, Безос продаде акции вредни 1,8 милијарди долари, …

Безос пак продаде акции за 990 милиони долари Read More »

Еден загинат и петмина повредени во тешката сообраќајка кај Облавце


Едно лице почина, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска во 14:15  часот на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка кај селото Облавце, потврди полицијата. Несреќата се случила помеѓу три возила, товарно моторно возило, „Џип Гранд“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од 27 годишниот Ф.А од Куманово и автомобил „Алфа Ромео“. Во …

Еден загинат и петмина повредени во тешката сообраќајка кај Облавце Read More »

Само вие одморајте


Во четвртокот вечерта, новинарите што ја следат работата на Основното јавно обвинителство добија порака на мејл каква што вообичаено добиваат од таму кога е во прашање некоја активност или акција. Дента кога во јавноста протекоа снимки од домот на бизнисменот Орце Камчев, на кои се гледа како им дава пари на Бојан Јовановски и на …

Само вие одморајте Read More »

Пад на британската економија за првпат од 2012


Пад на британската економија за првпат од 2012 година е забележан во вториот квартал од оваа година, што е неочекувано сериозно забавување пред подготовките за напуштање на Европската Унија на 31 октомври. Бруто- домашниот производ на Велика Британија (БДП) падна за 0,2 проценти од април до јуни, по солидниот раст од 0,5 проценти во првиот …

Пад на британската економија за првпат од 2012 Read More »

Во Тунис 98 кандидати за претседател


За учество на предвремените претседателски избори во Тунис, закажани за 15 септември регистрирани се 98 кандидатури, соопши денеска туниската изборна комисија. Меѓу нив ќе се бара наследникот на првиот демократски избран претседател, Бежи Каид Есебси, кој почина на крајот на јули, на 92-годишна возраст, речиси пет години откако ја презеде претседателската функција. По неговиот избор, …

Во Тунис 98 кандидати за претседател Read More »

Млади риби ги скараа Косово и Македонија


Косово ѝ се закани на Македонија со трговска војна додека ресорниот министер е на одмор. Косовската страна најави дека за забранетиот увоз на икри и млади риби во Македонија ќе одговори со царини на македонскиот извоз. Проблемите меѓу двете пријателски земји ќе се решаваат, но постодморски. Иако проблемот датира од јуни, ескалираше деновиве, а во …

Млади риби ги скараа Косово и Македонија Read More »

(Фото) Патот кон Грција поплочен со кратери и дупки


Кратер длабок неколку метри ги пречекува возачите што ќе тргнат од Ресен кон Преспа, односно кон Маркова нога. Без никаков знак или предупредување, среде асфалтот ќе наидете на дупка и катаклизмична фотографија. Жителите на овој дел од Македонија тврдат дека ситуацијата е непроменета веќе година и половина. Ова е патот што води кон селата Дупени, …

(Фото) Патот кон Грција поплочен со кратери и дупки Read More »

Српски „Курир“: Боки ги чувал кај мајка му доказите против Заев


Српскиот дневен весник „Курир“, денеска излезе со насловна страница во која тврди оти ексклузивно дознал што Бојан Јовановски алијас Боки 13 им кажал на полицајците при апсењето и притворањето во затворот „Шутка“ за случајот „Рекет“. Според изворите не белгградскиот весник, Боки 13 уште од старт им ставил до знаење на полицајците дека во случај да …

Српски „Курир“: Боки ги чувал кај мајка му доказите против Заев Read More »

Интервју со Давидовиќ за „Рекет“: Обвинителството се однесува нелогично и непрофесионално


Двете снимки што ги објави италијанскиот весник на одреден начин и ги појаснуваат и ги заплеткуваат работите. Изгледа ли логично за некој што е уценет и потоа рекетиран да биде насмеан, расположен, па дури и да делува среќно и весело кога објаснува како ја одбрал торбата? -Снимките кои ги објави италијанскиот весник ги појаснуваат работите …

Интервју со Давидовиќ за „Рекет“: Обвинителството се однесува нелогично и непрофесионално Read More »

Тортевски: Ако Катица се врати на работа, сите од СЈО треба да си отидат


Адвокатот Александар Тортевски порачува дека доколку специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, некогаш се врати на работа, нејзините колеги од СЈО треба да ја остават сама. „Ако воопшто се врати на работа Катица, целиот колектив треба да си отиде и да ја остави сама внатре или пак да и застанат на врата и да не …

Тортевски: Ако Катица се врати на работа, сите од СЈО треба да си отидат Read More »

Заев: Немам врска со „Рекет“, Боки 13 кажува лаги и бесмислици


Премиерот Зоран Заев се огласи по денешното трето продолжение од снимките што ги објавува итлијанскиот „Ла Верита“, а во кои за првпат се споменува и неговото име. Неговиот статус на „Фејсбук“, го објавуваме во целост: „Случајот “Рекет” покажува дека она за што се боревме со граѓаните, сите ние заедно, стапува на сцена. Правдата е на …

Заев: Немам врска со „Рекет“, Боки 13 кажува лаги и бесмислици Read More »

Бр. 480


Горан Адамовски – Само Вие одморајте Вудсток е се уште во воздух Кругот се стеснува околу Јанева Љубомир Јовески: Секој инволвиран во “Рекет” ќе биде распитан Обвинителството се однесувало нелогично и непрофесионално Млади риби ги скараа Косово и Македонија

Се огласи и Јанева: Лицето О.К., требаше да стане сведок


Специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева и натаму демантира поврзаност со случајот „Рекет“. На денешното трето продолжение од снимките што ги објави италијанскиот „Ла Верита“, се слушаат разговори меѓу неа и Орце Камчев, кои таа не ги спори. „Во врска со денешните снимени разговори презентирани на порталите, повторувам дека во интерес на предистрагите и …

Се огласи и Јанева: Лицето О.К., требаше да стане сведок Read More »

Мицкоски по најновите снимки: Имаме на тацна сервиран октопод со Заев на чело


Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски денеска порача дека најновните видео-снимки за случајот „Рекет“ потврдиле дека имаме на тацна сервиран октопод на чело со премиерот Зоран Заев. Во продолжение, во целост го пренесуваме неговиот статус на „Фејсбук“. “Јас сум чесен човек, и имам свое достоинство…”, беше тоа во еден прозаичен момент кажано, колку народот да поверува …

Мицкоски по најновите снимки: Имаме на тацна сервиран октопод со Заев на чело Read More »

Јовески за „Независен“: Обвинителката Стефанова повикана на распит


Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во изјава за „Независен весник“ денеска потврди дека обвинителката Лиле Стефанова е повикана на распит. Таа го водеше случајот „Империја“ со Орце Камчев. Деновиве, во јавноста протекоа неколку снимки што ја компромитираат нејзината улога. Нејзината шефица, Катица јанева и натаму не е повикана на распит. (Г.А.)

Судир на чамци во Грција, двајца загинати


Во морскиот предел во близина на Пелопонез во областа Арголида во Грција, две лица го загубија животот, а една жена е сериозно повредена во судир на два чамци, што се случи доцна синоќа. Од грчката крајбрежна служба соопштуваат дека на едниот 10-метарски чамец имало 10 лица (двајца мажи, три жени и пет деца), сите странски …

Судир на чамци во Грција, двајца загинати Read More »

(Видео) Трет дел од снимките за „Рекет“. Боки 13 го спомнува Заев


Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска објави уште едно видео кое е трето во низа од случајот „Рекет“ во кој бизнисменот Орце Камчев им дава милион евра на Бојан Јовановски и на Зоран Милески. Во ова трето видео, Боки 13 и Катица Јанева го убедуваат Камчев дека ќе биде ослободен и дека Лиле Стефанова ја има …

(Видео) Трет дел од снимките за „Рекет“. Боки 13 го спомнува Заев Read More »

Кругот се стеснува околу Јанева: Фелата се чуди што третиот човек е на слобода


Второто продолжение од снимките што ги објави италијанските весник „Ла верита“ за случајот „Рекет“ го донесе и гласот на специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева. Додека бизнисменот Орце Камчев ноншалантно разговара со Бојан Јовановски и со Зоран Милески околу начинот на кој што им ги спакувал еврата, му текнува да побара потврда и од „жената“ …

Кругот се стеснува околу Јанева: Фелата се чуди што третиот човек е на слобода Read More »