Јовески за „Независен“: Обвинителката Стефанова повикана на распит

Фото: Б. Грданоски

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во изјава за „Независен весник“ денеска потврди дека обвинителката Лиле Стефанова е повикана на распит.

Таа го водеше случајот „Империја“ со Орце Камчев.

Деновиве, во јавноста протекоа неколку снимки што ја компромитираат нејзината улога. Нејзината шефица, Катица јанева и натаму не е повикана на распит. (Г.А.)