Во Тунис 98 кандидати за претседател

За учество на предвремените претседателски избори во Тунис, закажани за 15 септември регистрирани се 98 кандидатури, соопши денеска туниската изборна комисија.

Меѓу нив ќе се бара наследникот на првиот демократски избран претседател, Бежи Каид Есебси, кој почина на крајот на јули, на 92-годишна возраст, речиси пет години откако ја презеде претседателската функција. По неговиот избор, во декември 2014 година, тој постепено го однесе Тунис кон демократија, особено по бунтот што во 2011 година од власта го симна долгогодишниот авторитарен претседател Зин ал Абидин Бен Али и посебно настаните од Арапската пролет.

Конечниот список со кандидати ќе биде истакнат на 31 август, а изборната кампања ќе се одвива од 2 до 13 септември.